
Потоа следат првите три молби:
1. Нека се свети твоето име
Сите наши работи во овој минлив живот нека се освестуваат со името Божје. Нека нашиот општествен систем биде именуван и покриен со името на Божје.
А го толкуваат и на овој начин:
Во кралството се појавува Божество во бесконечна разноликост, а некои суштества се разликуваат по тоа што им дава име, кое не е само просто именување, туку, е и суштинско одредување во смисла на тајната науката.
2. Нека биде кралството (царството) твое
Кралството Божјо не може да се разликува од владеењето на Бог. Кралството доаѓа заедно со кралот. Би било апсурдно да се чека царството, а да се отфрли царот. Во црковната молитвата “О Царе Небесен Утешителу” верниците го молат Царот на Духот да дојде: “Дојди и всели се во нас”. Смислата на двете молитви е јасна: Царството Божјо ќе дојде тогаш кога и Бог ќе дојде. Молејќи се за Божјето Царство ние всушност ја просиме најсовршената власт, а молејќи се за доаѓањето на Царот Бог ние просиме за доаѓање на најсовршениот Владетел над себеси.
или:
Целиот универзум го оживува универзалната волја, која се изразува во бесконечна разновидност. Тој процес на настани на бесконечна разноликост, тоа бесконечно умножување на Божеството – се нарекува насекаде во тајната или спиритуалната наука во кралството. Кралството го покажува во бесконечната разноликост на Божественото суштество.
3. Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата
Продолжува на страна 4


















