Мистериозната поврзаност на петте тибетанци со вашето здравје

8152

Дали сте спремни да бидете вечно млади, полни со енергија и здрави?

Петте тибетанци можат да ви помогнат во ова, и тоа за само 15 минути дневно! Не верувате? Тогаш треба да се обидете.

Што се или кои се 5-те тибетанци?

Иако можеби звучи како да препорачуваме дилери кои продаваат чудесни препарати за вечна младост, 5-те тибетанци не се луѓе. Тоа е име за физички вежби кои можат да ви помогнат да ја обновите својата енергија и здравје. Всушност, се работи за 5 пози, од кои сите освен првата се застапени во јогата, а кои уште 2500 години редовно ги практикувале тибетските монаси за да го одржат своето здравје, виталност и долговечност.

(Петте тибетанци се едноставни вежби кои можат да станат дел од вашите секојдневни рутини и се одличен начин да го започнете вашиот ден.)

Можеби ви е стемнето од оваа изјава и преку глава ви е секој ден некој да ви кажува како да го започнете денот. Вие не сакате да ја промените својата навика на кафе и цигари и да губите драгоцено време на вежби. Но, сепак отворете ги очите и информирајте се за што се работи.

Тибетските вежби не се премногу заморни и нема да потрошите дополнително време пред работа за туширање затоа што облеката сте ја натопиле со пот додека сте вежбале.

Ова не значи дека тие воопшто не се тешки и не значи дека мора да ги работите само наутро. Одвојте време во било кој дел од денот. Да го зочнете денот на овој начин е само препорака.

Петте тибетанци, како и вежбите на Кегел, можете да ги работите во секое време и било каде. Кегеловите можат да останат сосема незабележани и навистина е ирелевантно каде сте, додека за 5-те тибетани треба да изберете соодветен простор, иако вежбите не се тешки ниту физички, ниту просторно, ниту временски.

Колку време и простор ви се потребни?
Потребен ви е простор толку колку што ќе можете да се свртите околу себе додека стоите со раширени раце без да удирате во ништо и место на подот толку колку можете да легнете со целата должина. Временски, ви треба најмногу 15 минути.

Придобивките од 5-те тибетанци за здравје

За да објасниме како вежбите на петте тибетанци влијаат на здравјето, и кои се придобивките од нив, треба да знаете дека здравјето и енергијата се нераскинливо поврзани. Во источната култура, таа енергија е поврзана со чакри, кои се еден вид енергетски центар во нашето тело. Чакрата и идејата за нивното постоење и функција се појавила во Индија уште пред 4.000 години.

Во нашето тело има 7 главни чакри, а тибетските вежби всушност се лесен начин да ги стартувате. Потоа, кога сите наши енергетски центри функционираат добро, се чувствуваме здрави и полетни. Тогаш, кога чакрите се блокирани, ние се чувствуваме лошо и болни.

Како е можно тоа и како е поврзано?

Се верува дека секоја чакра е поврзана со некоја клучна жлезда во нашето тело, а хормоните кои жлездите ги произведуваат се важни за оптимално функционирање на нашето тело.

Чакрите не се протегаат од глава до петици, туку само во горниот дел од телото и поставени се во една вертикална линија.

Првата чакра е помеѓу гениталиите и анусот и ја регулира самодовербата, фобијата, заморот.

Втората чакра е над првата, или поточно, неколку центиметри под папокот, и поврзана е за полните жлезди. Таа влијае на сексуалниот живот, но, исто така, и на способноста за набљудувња, концентрација, креативност.

Третата чакра е во желудечната област и за неа е поврзана работата на панкреасот. Влијае врз задоволството, духовноста, а нејзината блокада предизвикува чувство на очај, помала вредност и болести како што се дијабетес, болести на црниот дроб, проблеми со исхраната кои сигурно можат да бидат поврзани со сликата која ја имаме за самите себе, како што се булимија и анорексија.

Четвртата чакра е во областа на градите и ја придвижува работата на тимусот односно градната жлезда. Таа жлезда игра важна улога во нашата имунолошка одбрана, а самата чакра кај проблемите со алергии, срцето и белите дробови. Во исто време, влијае на нашиот однос со луѓето и со работите околу нас. Оттаму, можеби, идејата дека љубовта доаѓа од срцето.

Петтата чакра е во грлото и поврзана е со работата на тироидната жлезда и самото грло, а исто така, влијае и на дигестивниот тракт. Со блокирада на оваа чакра се манифестира трема, несигурност, неможност да се изразат емоциите и повлеченост.

Шестата чакра е во средината на челото и таа е она што ние го нарекуваме “трето око”. Неа ја придвижува хипофизата, а влијае на функцијата на мозокот, размислувањето, интуицијата, меморијата. Тогаш кога не работи добро, се појавува негативен поглед на светот, лошо расположение и тага, па не е невозможно да станете еден од енергичните вампири.

Седмата чакра е на врвот на нашата глава и се нарекува крунска чакра. Таа е поврзана со работата на епифизата. Тоа нѝ овозможува да комуницираме со светата енергија околу нас, да влијаеме на нашиот ум, знаењето и претставата што ја имаме за нас самите. Блокирањето на оваа чакра доведува до недостаток на волја за живот и смислата во него, неможноста да се запознаеме себеси.

(Со отворање и раздвижување на блокираните чакри со петте тибетанци, ние го движиме животот и енергијата во нас, и така се подмладуваме и обновуваме.)

Можете да ги очекувате следните резултати:

  • Повеќе енергија и волја за живот, подобро расположение
  • Смиреност и подобра контрола на емоциите
  • Подобра концентрација и размислување
  • Подобра слика за себе и поголема самодоверба
  • Подобро спиење
  • Подобар сексуален живот и подобрено либидо
  • Полесно се поднесуаат било какви лоши симптоми на менопауза, менструација и ПМС
  • Подобро варење и детоксикација на организмот

Бидејќи влијае на основните жлезди и хормони во телото, целокупното здравје и расположението се подобруваат. Вежбите се едноставни, но сепак, бараат одредена доза напори и сила на целото тело. А ако ги немате, ќе ги развиете!

Како се изведуваат вежбите на петте тибетанци?

Постојат 5 позиции кои ја прават оваа вежба рутинска.

Прв тибетанец – вртење

Ова е движење кое ќе ја зајакне вашата координација, ќе ве ослободи од негативна енергија и ќе помогне да ги регулирате вашите емоции.

Застанете исправено со раширени раце.

Вртете се околу себе во насока на стрелките на часовникот исто како и децата што се вртат за време на игра. Можеби сте среднале некои тврдења дека овие вежби се добри за децата, па зошто да не се добри и за вас. Дишете длабоко од стомакот и гледајте право пред себе.

Совет

Не треба да го правите ова премногу брзо, бидејќи ќе ви се заврти во глава. Вртете се полека, како да си играте со некое темпо што ви одговара.

Втор тибетанец – подигање нозе од подот

Оваа вежба ја стимулира работата на панкреасот, ја регенерира третата чакра и ги зајакнува стомачните мускули.

Легнете на грб и ставете ги рацете до телото свртени со дланките надолу. Подигнете ги нозете колку повеќе можете – целта е да стојат исправено. Во исто време, подигнете ја главата од подот, притискајќи ја брадата кон градите. Држете неколку секунди и потоа спуштете.

Внимавајте на правилното дишење. Вежбањето не треба да ве остави без здив. Вдишете кога ја кревате главата и нозете, издишете кога ги спуштате.

Совет

Ова е навидум едноставна вежба, но ако вашите стомачни мускули не се силни, нема да ја извршите без потешкотии. За да си олесните, ставете ги дланките под задникот, додека вашите мускули малку не се затегнат. Ќе биде полесно! Целта, се разбира, е да ја правите вежбата без оваа помош.

Трет тибетанец – наклон наназад

Третата тибетска вежба, има за цел, исто така, да ја отвори третата чакра одн. соларен плексус, а влијае добро и на четвртата и петтата чакра. Со други зборови, со едноставна поза ќе ја подобрите работата на срцето, градите, тироидната жлезда, имунолошкиот систем и ќе се доведете во многу подобро расположение.

Клекнете на подот. Нозете треба да бидат соберани една до друга. Телото треба да стои исправено, што значи дека не треба да седите на колена. Рацете се покрај телото, потпрени на бутовите. Свиткајте се полека наназад и рацете спуштајте ги низ долниот дел од бутот, а главата и вратот свиткајте ги наназад.

Останете во таа положба колку ви е пријатно и вратете се на почетната клечечка позиција. Вдишете кога се наведнувате, издишете кога се враќате во исправена положба.

Совет

Свиткајте се само толку колку што ви е удобно и не се форсирајте. Иако делува лесно, оваа вежба понекогаш не е пријатна секому, особено не на оние кои имаат проблеми со грбот.

Четвртиот тибетанец – мост

Оваа вежба го зајакнува долниот дел од ‘рбетот, бутовите, задникот и одлична е за обликување и зајакнување на овие делови на телото, како и возење велосипед. Вклучете ги двете вежби во вашиот секојдневен живот и вашите резултати нема да изостанат.

Седнете на подот и поставете ги рацете до телото, со дланките спуштени на земја. Подигнете го задникот и нозете од подот, како и горниот дел од телото, а главата движете ја нананзад. Вашето тело треба да биде паралелен со подот, колената свиткани, а тежината на телото на рацете.

Останете така неколку секунди, па вратете се во седечка положба. Вдишете кога станувате од земјата, и издишите кога се враќате.

Петти тибетанец – обратно “V”

Оваа вежба влијае на целото тело, можеби затоа што од гледна точка на изведување е и најсложена.

Спуштете се на под и легнете на стомак. Сега подигнете го горниот дел од телото потпирајќи се на рацете. Лактовите треба да се исправени, а долниот дел од телото треба да продолжи да се потпира на подот. Наведнете го грбот и вратот наназад.

Раширете ги рацете и нозете во ширина на рамената. Сега подигнете се од подот со поставување на позиција слична на обратно од буквата “V”. Потпрете се на подот под стапалата, високо кренете го задникот и држете се на рацете кои и понатаму се исправени во лактите. Вратете се на почетната позиција, извиткајте се назад како на почетокот. Вдишете кога се кревате и издишете кога се спуштате.

Кога ќе одлучите дека пет тибетанци ќе станат пријатели во вашиот секојдневен живот, најдобро е да се запознавате постепено.

  • Започнете со три повторувања на секоја поза, а целта е да достигнете 21 повторување (ова е светиот број кај тибетанците). Не треба да правите повеќе од 21 повторување. Некои многу брзо го достигнуваат тоа ниво, на некои им треба повеќе време. Зависи од вашата физичка кондиција.
  • Вежбајте полека. Ова не се вежби за брзина.
  • Само кога ќе го усовршите нивното изведување можете да го забрзате темпото

Совет

Овие вежби можете да ги работите неколку пати на ден за да достигнете серија од 21 повторување. Да речеме, правете 3 пати на ден по 7 повторувања.

На вас е да го прилагодите темпото и интензитетот на вежбите.

Можете да ги работите вежбите во секое време. Ако сакате да го направите истото што го правеле тибетските монаси, направете ги со изгрејсонце и зајдисонце, бидејќи и тоа е извор на нашата енергија.

Искуства и несакани ефекти од 5-те тибетанци

Кога се зборува за 5-те тибетанци, обично се зборува за тоа дека овие вежби подмладуваат и ќе ви помогнат да бидете долговечни. Покрај тоа, книгата во која се спомнуваат се нарекува “Фонтана на младоста”. Би било погрешно ова да се разбере буквално.

Тибетските вежби нема да ви ги избришат брчките ниту да го запрат времето, но ќе ви овозможат да се чувствувате полни со енергија и млади.

Многу од вас сигурно ќе се прашаат дали вежбите се добри за намалување на тежината. Иако тоа не е нивната намена, со текот на времето може да забележите и такви ефекти. Мускулите на овој начин се истегнуваат, а да се направи 21 повторување на овие едноставни вежби всушност не е толку лесно, особено кога го забрзувате темпото и секако дека трошите повеќе калории од бескорисното седење. Меѓутоа, ако вашата цел е да изгубите тежина, тогаш е подобро да изберете специјална програма за губење на тежината.

Искуството на оние кои редовно ги работат вежбите велат дека им помагаат да се чувствуваат одлично и навистина имаат повеќе енергија во текот на денот. Тоа не е невообичаено бидејќи, овие вежби добро ве раздвижуваат и ја стимулираат циркулацијата во телото, а со тоа и сите други предности.

Иако делуваат лесно, вежбите на петте тибетанци за некои луѓе може да се тешки и неизводливи, особено оние кои имаат проблеми со ‘рбетниот столб и болка во вратот и грбот. Има и од оние на кои само некои од вежбите не им одговараат, па ги прескокнуваат или ги прават како што можат. Да речеме, многумина се жалат на првата вежба, бидејќи вртењето предизвикува вртоглавица и гадење. Често, третата вежба знае да биде непријатна и создава непријатен притисок во градите. Во секој случај, вежбите треба да ги правите чекор по чекор и само толку колку што ви се пријатни.

Тибетските вежби ќе ви одземат 15 минути од времето во текот на денот, и тоа тогаш кога ќе направите комплетен сет од 21 повторување. Потоа, кога ќе ја почнете својата авантура со овие вежби и правите само 3 повторувања, дури и 5 минути на ден е доволно да ги завршите.

Треба да признаете дека во овој случај изговорот “Јас немам време да вежбам” нема оправдување. Толку време, ако не и повеќе, сигурно трошите за пиење кафе наутро. А погодете која од овие две навики навистина ќе ви даде повеќе енергија за остатокот од денот?

Кафето веќе сте го запознале. Сега запознајте ги петте тибетанци!