Неверојатни признанија на заробените руски шпиони | Од секс и кокаински забави до долгометражни филмови 

1687

Rudolf Abel е роден како William Fisher во Newcastle-Upon-Tyne, Англија во 1903. година.

Неговите родители биле поддржувачи на рускиот болшевизам, а во 1921. година семејството на Fisher се вратило во Русија, а тој се приклучил на Комунистичката младинска организација како преведувач. Како млад, тој поминал две години во радиодивизијата на Црвената армија, а потоа се приклучил на Заедничката државна политичка администрација (OPGU), или советската тајна полиција.

Во 1948. година, на 45-годишна возраст, Fisher илегално влегол во САД од Канада, со намера да ги пренесе тајните за атомската бомба на своите претпоставени во Русија. Во САД, Fisher станал уметник и фотограф Emil R. Goldfus и се прославил на уметничката сцена во Brooklyn. Тој одржувал контакти и со други шпиони, како нпр. Reino Häyhänen, кој бил повикан назад во Советскиот Сојуз затоа што не ја завршил својата мисија.

Меѓутоа, наместо да се врати во СССР, Häyhänen отишол во американската амбасада во Париз и на функционерите им ги дал имињата на советските шпиони кои дејствувале во САД. По откривањето на Häyhänen, Fisher бил уапсен.

FBI упаднал во неговото студио каде што нашле инкриминирачки докази вклучувајќи; лажни лични карти, радио опрема, шифри и пенкала кои можат да складираат скриени белешки.

Fisher бил обвинет за шпионажа и се изјаснил за виновен под лажното име Rudolf Ivanovich Abel, што се сметало за сигнал до претпоставените дека е уапсен. Тој ја избегнал смртната казна благодарение на њујоршкиот адвокат James Donovan, а подоцна беше вратен во Русија откако бил заменет со затвореници.

Последните негови активности снимени се во филмот Bridge of Spies со Tom Hanks и Mark Rylance во режија на Steven Spielberg.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 7