
Chistopher Boyce: Chistopher Boyce пораснал во Palos Verdes, како син на агент на FBI.
Тој започнал да работи за TRW во 1974. година и, како почетник, добил пристап до Black Vault, кој содржел доверливи информации за воздушниот и вселенскиот систем на САД. Boyce, кој сакал да се забавува, случајно запознал пријател од детството и дилер на кокаин, Andrew Daulton Lee.
Еден ден, по многу исшмркани линии и уште повеќе испразнети шишиња, смислиле генијален план – да продаваат податоци на Русите во црн трезор. Boyce и Lee, наречени Falcon Snowman, продавале информации за американската сателитска технологија на руски официјални лица за сериозни пари. Lee го користил првенствено за да го подобри својот бизнис со дрога.
Операцијата бил прекината кога Ли бил случајно уапсен во Mexico City во 1976. година.
Полицијата мислеле дека тој е убиец на полицаец, но тие брзо сфатиле дека случајно уапсиле шпион – тој со себе носел филмови на CIA и бил фатен пред советската амбасада – но сепак го мачеле за да признае дека го убил полицаецот. Lee признал дека е шпион и бил предаден на американските власти.
Потоа го цинкарел Boyce кој бил уапсен во 1977. година и осуден на 40 години затвор за шпионажа. Избегал од затворот Lompoc во 1980. година, за да биде повторно фатен од американските маршали во 1981. година.
Нивната приказна е снимена во филмот „The Falcon and the Snowman“, со Sean Penn и Timothy Hutton во главните улоги.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4


















