Еве зошто се препорачува секс на првиот состанок

180

Никој не ги сака првите средби – тие се стресни, може да поминат многу лошо, а и тензиите дали човек ќе се претстави во најдобра светлина и дали другиот ќе му се допадне е огромна.

За капак секогаш во главата надвиснато е прашањето: Ќе имаме ли секс подоцна?

Стереотипите во врска со сексот на првиот состанок сè уште се многу силни. Жените веруваат дека ако се оддадат на интимни бакнежи веднаш ќе изгледаат “лесни” и “распуштени” во лицето на мажот и ќе ја убијат шанса за сериозна врска. Но, дали веќе не е време да ги оставиме овие закоравени убедувања и да уживаме во животот и сите задоволства кои ги нуди во различна форма?

Доста истражувања и анкети во последните неколку години покажуваат дека мажите ни од далеку не ги омаловажуваат и потценуваат жените кои се подготвени да си легнат со нив на првиот состанок. Неколку врски започнуваат токму со секс игри.

Еве и неколку добри причини да сепрепуштите на инстинктот и на либидото, кога тоа ќе се јави:

Тој нема да помисли ништо лошо за вас, ако имате секс на првиот состанок

Анкета од 2013 година во списанието Cosmopoitan покажува дека 83% од жените веруваат дека мажите ќе ги сметаат за лесни, ако се согласат веднаш на секс. Вистината е дека тоа не е точно. 67% од анкетираните мажи признаваат дека за нив сексуалноста на жената не ја омаловажува нејзината вредност и квалитети.

Ќе го натерате да сака уште

Кој вели дека сексот на прва вечер ќе ги одврати мажите? Па тие обожаваат да имаат секс и ако падне на уверена и немирна партнерка ќе сакаат уште и уште.

Спротивно на очекувањата во овој случај шансите за втора средба скокаат постојано.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2