Неверојатни признанија на заробените руски шпиони | Од секс и кокаински забави до долгометражни филмови 

1687

Elizabeth Bentley: Elizabeth Bentley е родена во Connecticut во 1908. година и студирала на Vasser Collegeu и Универзитетот Columbia.

Додека студирала во странство во Италија, Bentley од прва рака видела што прават фашистите и се верува дека се приклучила на комунистичката група. По враќањето во Соединетите Држави, таа се приклучила на една подземна комунистичка организација.

Почнала да работи за Jacob Golos три години подоцна, во 1938. година. Golos бил член на Комунистичката партија и на Друштвото за техничка помош на Советска Русија, организација која била параван за советската шпионажа.

Исто така, била поврзана со Американската лига против војната и фашизмот, комунистичка организација. Bentley се занимавала со шпионажа додека работела за библиотека, собирала и пренесувала информации за профашистичките активности, а нејзиниот ангажман се продлабочил кога таа и Golos се заљубиле.

Додека работела за бизнисмен, Bentley им предавала копии од документите на американската влада на советските агенти. Имала навика да ги заведува мажите за да добие чувствителни информации.

Во 1945. година, по смртта на Golos, Bentley се откажала од комунизмот и на FBI ја признала својата поврзаност со советските шпиони. Таа ги информирала за големата мрежа на агенти на KGB во поголемите американски градови и федералната влада.

Таа, исто така, сведочела пред Комитетот за неамерикански активности на Претставничкиот дом, наведувајќи имиња како Harold Glasser.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 6