Неверојатни признанија на заробените руски шпиони | Од секс и кокаински забави до долгометражни филмови 

1687

Earl Pitts: Earl Pitts е роден во Urban, докторирал право на Универзитетот во Missouri и служел во војска од 1975. до 1980. година.

Во 1983. година, тој се приклучил на теренската канцеларија на FBI, а во 1987. година бил префрлен во канцеларија во New York каде што бил задолжен за истрага на советските разузнавачи кои се претставувале како дипломати во Обединетите нации.

На таа позиција добил список со сите познати советски офицери на такви позиции, кои веднаш му ги продал на Александар Василевич Карпов, главниот руски шпион во дипломатската мисија. Од неговиот прв контакт со советските разузнавачи, приказната на Pitts изгледала како сложена комедија полна со глупави несреќи и двојно мамење.

Земете го, на пример, ова: Pitts на крајот бил уапсен во 1995. година, кога руски дипломат кој станал доушник на САД, учествувал во операцијата против него. Овој дипломат бил првиот човек што добил писмо напишано од Pitts до руската амбасада во кое ги нуди своите услуги како информатор.

Кога седум години подоцна дипломатот станал доушник на FBI, првото нешто што им го покажал на федералните служби било писмото. Приказната покрена истрага што довело до апсење на Pitts. Севкупно, Pitts добил исплата од 224.000 долари од Русите за информациите. Во моментот на апсењето, тој работел како адвокат на работно место кое не обезбедувало пристап до корисни информации. Но, FBI знаел дека нешто тргнало наопаку во New York во доцните 80-ти, и откако ја склопиле сложувалката (а вредно парче од сложувалката дала и сопругата на Pitts, која ги известила откако го пронашла сомнителното писмо), тие го обвиниле.

Некако, Pitts не сфатил дека неговите денови се избројани, и покрај тоа што на таванот од неговата канцеларија нашол камера поставена од FBI. Тој дури почнал да крие пари на истиот таван откако пронашол камерата на FBI. Во последниот чин од бизарната комедија, првиот обид да се фати во стапица Pitts не успеал бидејќи заборавил каде треба да се сретне својот контакт – талкал во погрешна просторија на Њујоршката јавна библиотека 30 минути пред да замине.

Pitts бил осуден на 27 години затвор во поправниот дом на FBI. За време на судењето, тој изјавил дека имал поплаки на FBI и така ги продал информациите за да им се одмазди.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 11