Неверојатни признанија на заробените руски шпиони | Од секс и кокаински забави до долгометражни филмови 

1687

Donald Heathfield и Tracey Foley: Tim i Alex Foley, браќа родени во Канада и израснати во околината на Бостон, типични американски момчиња, откриле дека нивните родители се руски шпиони дури кога FBI ја скршил влезната врата и влегол со налог за апсење.

Donald Heathfield и Tracey Foley биле псевдоними на Андреј Безруков и Елена Вавилова. И двајцата родени во Советскиот Сојуз и биле регрутирани како пар од KGB кон крајот на 1970-тите. Биле на обука во Москва, а потоа се преселиле во Канада, каде што изградиле позадина како типично северноамериканско семејство и биле дел од мрежата на шпионски спијачи без дипломатско покритие кои живеле нормални животи, чекајќи инструкции од нивните претпоставени.

Двојката имала две главни задачи: да ја олесни комуникацијата меѓу американските и советските контакти и да дејствува како спијач во случај на војна меѓу Соединетите држави и Советскиот Сојуз. Во Канада, Heathfield дипломирал меѓународна економија на Универзитетот York. Кога двојката се преселила во САД, Heathfield отишол на Харвард и почнал да работи како агент под директива на Путин.

Тој основал консултантска фирма за да се инфилтрира во деловните кругови. Сите информации собрани од Heathfield биле пренесени во Русија преку дигитална стеганографија, метод на код во кој сликите со пораки содржани во нивните пиксели се објавуваат на Интернет за да бидат дешифрирани од ракувачите. Двојката била под надзор на американската влада откако се преселиле во земјата, а конечно биле уапсени во 2010. година.

Се верува дека  биле премногу блиску до чувствителни информации, па биле уапсени. Се шпекулира и дека во нивното апсење имал улога двојниот агент Александар Потеев, кој побегнал во Америка.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 8