Нашата храна во очите на кучињата

1413

Лосос

Лососот може да се најде како состојка и во конзервираната храна за кучиња. Но, ако додадете парче сварен лосос во храната, тогаш омега-3 масните киселини ќе го подобрат квалитетот на нивните влакна и нокти.

Лубеница

Иако е блага, количината на вода го поништува дејството на шеќерот што го содржи. Така, едно парче лубеница на вашето куче ќе му обезбеди и разладување и хидратација.

Грашок

Грашокот може да се најде како состојка и во храната за кучиња и за мачки. Пире од грашок или цели зрна се одличен додаток за храната за вашето милениче, што ќе ги држи подолго време сити.

Јаболки

Јаболките се богати со витамини, минерали и антиоксиданси и за луѓето и за кучињата. Единствено што треба да внимавате е вашето куче да не јаде од семките. Најдобро е да го исечете јаболото на парчиња и веднаш да ја фрлите срцевината со семки.

Сладок компир

Сварен сладок компир исто така е одличен додаток на кучешката храна. Богат е со витамин А и лесно се вари во организмот. Количината на сладок компир во оброкот треба да биде една третина од вкупната количина.

Ориз

Оризот нема многу нутритивни вредности за кучињата, но е добар во случаи кога имаат болки во стомакот или проблеми со столицата.