Точните знаци кои укажуваат дека не сте го преболеле

1054

Сте донеле одлука да ја завршите врската, но сепак не се чувствувате добро. Мислите постојано се насочени кон поранешниот. Поради некоја причина не сте среќни, дури доживувате тешкотии да се огледувате наоколу за други мажи.

Во доста случаи жените запаѓаат во слична ситуација. Дури и тие самите да ја иницирале разделбата, чувствуваат вина и доживуваат тешкотии да го заборават својот поранешен, било да е маж или пријател.

Кои се знаците дека дефинитивно уште не сте го надживеале својот поранешен?

Се уште имате чувства

На почетокот по разделбата може и да сте биле гневни што ве фрустрирало и спречувало да ги разберете чувствата. Но, откако работите се сталожиле сте сфатиле дека уште го сакате. Почнувате да се прашувате дали не направивте грешка. Барате повод да ја побиете одлуката сами пред себе. Дестимулирајќи се од себе.

Во следните партнери ги барате квалитетите на поранешниот

Ова е еден од одговорите на прашањето “Зошто не можам да се поврзам по разделбата?” Ако постојано ја дизајнирате сликата, квалитетите и однесувањето на поранешниот врз следните партнери, неговата сенка никогаш нема да ве ослободи.

Жалите

Што и да правите, со кого и да се сретнете, една мисла не ве напушта – вие жалите за тоа што на крајот сте се разделиле. Жалењето ве обзема и ви ги брише во главата сите причини кои ве доведоа до разделба.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2