Nomophobia | Болест на новото време

571

Ако сте од оние кои постојано панично и опсесивно проверуваат дали имаат нова нотификација или порака на својот мобилен телефон, тогаш сте идеален кандидат да се вброите во групата на номофобичари.

Номофобијата е многу честа во новото време и се вбројува во 250-те најчести фобии. Најчесто е резултат на лично драматично искуство.

Но, какво драматично искуство? Во денешното време на развиена технологија и социјални мрежи, постојаното „висење“ над екранот е и некаква зависност. Овие луѓе покажуваат физички и психички симптоми кога мобилниот телефон не им е при рака.

Во текот на тие мигови се чувствуваат осамено, изолирано, а некои дури имаат и напади на паника и тешко дишење.

Во просек, еден корисник го проверува мобилниот телефон и по 34 пати во текот на денот. Оваа фобија е најзастапена кај младата популација.

Дали се препознавте во некој од симптомите? Со колкав интензитет ви се случува тоа?

Добра вест е дека ако не е отидена ситуацијата во крајност, можете и самите да си помогнете со ограничување на времето поминато гледајќи во екранот на мобилниот телефон.

Самиот термин номофобија доаѓа како кратенка од „no mobile“. Но, и самите ќе забележите дека можете да преживеете и без него, и тоа многу лесно.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.