Љубовен психотерапевт открива | Што бараме во љубовта по 40тата година и кога треба да го фатиме последниот воз?

2869

Што жените по 40-тата најчесто бараат кај мажот, а што мажите кај жената?

Секогаш бараат љубов. Но, бидејќи тие се промениле во своите 40-ти, емотивно созреале, така што сега бараат љубов од емоционално зрел маж. И не само емотивно, туку, исто така, и социјално зрел, некој кој постигнал нешто во животот, кој има самопочит и кој верува во своите способности, но и кој ги почитува другите и знае да покаже љубов. Кај мажите е слична ситуацијата, но на мажите изгледот на партнерот им е поважен отколку на жените. Накратко, зрелите луѓе кои во досегашниот живот научиле нешто, сфатиле кои се вистинските животни вредности, бараат личност која би можела да им биде партнер на заедничкото патување низ животот.

Дали мажите се помалку тешки од жените кога бараат партнер?

И мажите и жените можат да бидат многу тешки. Дури би рекол дека современата брачна криза е резултат на премногу барања. Често од љубовта очекуваме невозможно – да нѐ прават среќни до крајот од нашиот живот. Луѓето гледаат филмови, ги гледаат туѓите врски, ги следат социјалните мрежи на кои сите настојуваат гламурозно да се претстават, како некој кој успеал во животот, и мислат дека ќе бидат поразени, ако го немаат истиот живот кој го гледаат кај другите. А колку се поголеми барањата и очекувањата, толку е поголемо разочарувањето кога сфаќаат дека другата личност не може да ги исполни. Во пракса, имаме ситуации кога некој сака да се разведе затоа што е незадоволен од бракот, кој, гледано од страна, всушност е добар. Помладите генерации имаат повеќе очекувања од партнерите, но постарите генерации повеќе бараат, но очекувањата се помали. Постои разлика и во тоа кој што бара од партнерот. На младите мажи им е многу важен изгледот на жената, значи привлечност и хармонија во сексот, додека на жените им се поважни невидливите аспекти од карактерот, видот на врската и безбедноста што ја добиваат од партнерите. Ова се менува со години, бидејќи поголем број од зрелите мажи учат да ја гледаат не само личноста и нејзините карактеристики, туку каква врска можат да направат со тоа лице. Тоа е период во кој и жените и мажите ја ценат безбедноста и удобноста на врската.

Дали жените кои долго време водат самечки живот потешко се прилагодуваат на друго лице и одеднаш прават компромиси во врската на кои претходно не морале да се согласат?

Кога некој живее сам па влегува во емотивна врска, одосно во заеднички живот, секако многу повеќе нешта се менуваат и потребен е период на приспособување. Истото важи и за младите луѓе. Компромиси мора да се прават, бидејќи и двајцата партнери имаат некој свој концепт за заедничкиот живот, така што меѓу нив се јавуваат концептуални разлики. Тоа се ситуации во кои двете страни се обидуваат да “ја турнат” онаа другата страна во својот концепт, па се предизвикуваат конфликти. Ако луѓето се емоционално зрели, тие разбираат дека на некој начин мора да се прилагодат и да прават разлика помеѓу оние компромиси кои се прифатливи за нив, и оние на кои не се согласуваат. Затоа треба да се разговара за разликите и да се договориме околу нив. Тоа е некој вид на преговори во кои секоја страна мора да се откаже од нешто, и нешто што мора да го задржи. Ако успеат да го постигнат она што го нарекуваме “психолошки договор”, кој е прифатлив за двете страни, тогаш нивниот заеднички живот станува пријатен за двајцата. Проблемите се јавуваат кога луѓето не зборуваат и не преговараат, туку очекуваат нивниот партнер, ако ги сака, целосно да се прилагоди, и потоа се лутат и протестираат кога тоа не се случува. Тоа е себично и ја прави врската нестабилна.

Продолжува на страна 5