Љубовен психотерапевт открива | Што бараме во љубовта по 40тата година и кога треба да го фатиме последниот воз?

2869

Што е со мажите и жените кои по долги години брак се развеле – треба ли да ги залеачат раните со нова љубов или да си остават време за себе?

Не е добро да се влегува во нови односи ако раните не се излечени. Разводите секогаш се „поголеми животни настани“ во негативна смисла, што значи дека лицето мора да помине преку емоционален процес, кој се состои од прифаќањето на новата ситуација и да се адаптираат на неа. Разводот секогаш значи губење на она што едно лице имало, што му било важно, така што влегува во процес на тагување со кое емотивно се разврзува од минатото. Од другата страна е иднината која е неизвесна, така што за неа се врзани само стравувањата. Со други зборови, лицето мора да го најде своето “ново јас” и мора да се ориентира и да избере насока во која ќе оди. Во спротивно, може да ја повтори грешката при изборот на партнер, па така новата врска може да заврши на ист начин како и претходната.

Дали мажите и жените на Балканот се помалку храбри за воспоставување нови врски и бракови во позрели години од западните земји?

Ми се чини дека разликата навистина постои и дека кај нас тоа навистина оди малку потешко. За тоа постојат две причини. Првата е дека луѓето кои останале сами во зрелите одини од животот, имаат чувство на инфериорност, како да не се доволно добри за да бидат со некој, и се срамат дека се сами, дека не успеале, дека се “емотивни губитници”. Затоа се попасивни и очекуваат новиот партнер да им се случи, наместо активно да го бараат. На Запад е сосема нормално некој во тие години да биде сам и да бара партнер. Втората причина е дека се полни со стравови дека ниту новата врска нема да им успее. Нашите луѓе се многу повеќе песимисти отколку луѓето во западните земји.

Дали е во ред да се биде со некој само за да не остариме сами, дури и ако не постои љубов или во тој случај, подобро е да се продолжи со барање љубов?

Секој избира она што му одговара. Ако некој е во врска поради страв дека во староста ќе биде сам, тогаш поради тој страв станува зависен од партнерот и подготвен е повеќе да страда во таков однос. Меѓутоа, денес не постои гаранција дека сегашниот партнер ќе остане со вас до крајот на животот, ниту пак дека ќе имате во тој период доволно поддршка од возрасните деца. Природата на начинот на животот и емоционалните врски се промениле. Затоа секогаш е добро, макар преку психотерапија, да се разреши со тој страв од осаменоста во староста. Верувам дека луѓето, без оглед на своите години, имаат право на задоволителна емоционална поврзаност.