Што по прашање на партнерските односи се менува по четириесеттите?

Не се менуваат односите сами по себе, туку се менуваат луѓето. Поголемиот дел на подобро, некои од нив на полошо, а некои се борат да останат исти како кога имале дваесет години. Кога станува збор за врската, важно е луѓето да се менуваат во иста насока, да продолжат да споделуваат ставови за она што е најважно во животот. Луѓето кои биле заедно до 30-годишна возраст имаат десетгодишно искуство, се познаваат, па знаат на што се. Иако некои луѓе баш тогаш одлучуваат дека врската не е доволно добра и се разделуваат, оние кои остануваат заедно не смеат заради други општествени улоги да заборават дека треба да се посветат едни на други во улога на жени и мажи. Тие заедно се соочуваат со животните предизвици и проблеми, и секој пат кога успешно го преминуваат спорот, нивниот однос се зајакнува.
Дали жените треба да се плашат од самечки живот по четириесеттите години?
Луѓето се општествени суштества, па не сакаат да бидат сами. Тоа значи дека на сите возрасти има мажи и жени кои бараат партнер. Постојат жени кои се сами и кои се задоволни, а во нивната историја постојат често трауматски бракови или токсични врски. Сепак, повеќето од нив по 40-тата година сами бараат и понатаму. Проблемот со зрелите и осамените жени, честопати се нивните критериуми, бидејќи често слушам од нив: “Барам маж, но имам многу високи критериуми”. Не е проблемот во високите критериуми, туку во нереалните. На пример, убава жена во првата половина на 40-годишна возраст, со две деца разведена по 15 години брак, бара партнер како да има повторно 25 години и јасно е дека не може да го најде. Саботажата се јавува поради оној дел на личноста кој го нарекуваме “внатрешно дете”, а кое го има секој човек, без разлика колку е стар, кое често ги задржува критериумите и перцепциите кои личноста ги направила во детството или младоста. Емоционалното созревање подразбира да лицето ги разгледа и своите рани претстави за љубовта и врските. Ако некое лице ги прилагоди своите критериуми на својата возраст, ако бара таква емоционална врска која може да ја најде, ако има активен општествен живот, верувам дека во наредната година или две ќе ја оствари таа врска.
Продолжува на страна 4


















