Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ

3461

Крвната група “Б” е формирана после крвната група “0” и “А”, помеѓу 10.000 и 3500 година п.н.е. на Хималаите, од каде што се проширила во Индија и Урал, а потоа се одомаќинила кај кавкаските и монголските племиња.

Одгледувале стока и живееле како номади, со начин на живот за кој биле типични чести преселби и сурово освојување на простори. Во зависност од тоа дали живееле на поголема надморска височина или во пониските предели, морфолошки се формирале два типа луѓе со оваа крвна група: повисоки и пониски по раст. Повисокиот тип е исклучително мускулест, активен и во постојано движење, неговите рамења се потесни од колковите, а нозете се подолги од трупот. Ниските луѓе со оваа крвна група обично имаат асиметрични тела, нешто пократка една рака или нога од другата, жените незначително поголема една града, а мажите носница и слично. Генерално, за оваа крвна група е типична светла боја на очите, поизразени образи и зглобови, како и мускулатура.

Неконвенционални креативци

Лицата со крвна група „Б“ се комбинација на борбеност и рационалност; тие се ментално издржливи и доследни, чувствителни, но, исто така,  склони да ги прикријат своите чувства, а имаат и смисла за организација. Овие лица се индивидуалци склони да сонуваат, но подеднакво добри организатори. Тие се неконвенционални и одбиваат крути, наметнати ограничувања и правила со кои не се согласуваат. Нивната интуиција е нагласена, флексибилни се и креативни, упорни, но ненаметливи. Тие се имагинативни, а имаат и изразена способност за визуелизација (вклучувајќи ја и визуелизацијата на проблемот). Тие се, исто така, комуникативни, весели, активни и дружељубиви, а со тоа и популарни меѓу луѓето, и на животната околина делуваат смирувачки. За нив се тврди дека се најдобри пријатели меѓу сите крвни групи.

Оваа група има висок базален кортизол, поради кој повеќе се изложени на стрес. За да ја одржат менталната и физичката рамнотежа, неопходна им е физичката активност, вежби за релаксација базирани на визуелизација, медитација како и правилно дишење. Подложни се на автоимуни болести и вирусни инфекции со кои тешко се борат (вирусите нивниот имунолошки систем не ги препознава поради сличностите со антигените). Исто така, тие слабо се заштитуваат од инфекциите кои бавно се развиваат, чии причинители можат да ги носат долго време во телото. Хипереактивноста на стрес може, покрај депресијата, да предизвика и отпорност на инсулин, хипотироидизам и проблеми со крвниот притисок. Во подоцнежните години тие се склони кон деменција.

Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”

Крвна група AB на риба и зеленчук

Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2