Добро варење
Крвната група “Б” се карактеризира со склоност кон млечни производи, а од месо, особено кон овчјо или козјо месо. Тие одлично ги варат речиси сите млечни производи, како и месото, со исклучок на пилешкото, кое треба да се избегнува (но не и јајца и мисирка).
Поради нивното номадско потекло, чести преселувања и менување на местото на живеење, животот во области на различна надморска височина, климата и температура, е екстремно прилагодлива крвна група, што се гледа и по планот на исхраната. Им одговара широк спектар на намирници, со исклучок на житариците, така што тие не треба да јадат пекарски производи од пченица, пченка, па дури и рж. Здравата исхрана во нивниот случај подразбира исклучиво просо, ориз и леб од ориз, есенски леб (мана) и јачмен. Треба да се знае дека воспалението на зглобовите (на кое е склона оваа крвна група), меѓу другите го предизвикува и глутенот од житариците, кој уништува еден вид на шеќери во составот на рскавично-зглобното ткиво.
За силен имунитет
Визуелизацијата и релаксацијата се техники од кои носителите на крвната група „Б“ можат да имаат голема корист. Придонес за здравјето и јакнење на имунитетот ќе даде и намалување на количината на јаглени хидрати, кои ќе го регулираат холестеролот, LDL, нивото на шеќер во крвта и киселоста на организмот. Затоа, кога ќе почувствувате замор, консумирајте протеини, може и во форма на протеински шејк, наместо јаглехидрати. Со регулирање на дневниот ритам, кој вклучува фази на одмор и физичка активност па и редовно одење на спиење истовремено, исто така ќе го балансирате нивото на кортизол и мелатонин. Со тоа препораката е, умерена, но редовна физичка активност од аеробен карактер, како и ментална вежба, шах, јога, техники на дишење, загатки и крстозбори, џогирање.
Дали знаете?
Поради својата енергија, оптимизам, комуникативност и практичност, луѓето од крвната група “Б” се најдобри пријатели!
Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”
Крвна група AB на риба и зеленчук
Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Што да се јаде, а што да се избегнува ⇓
Продолжува на страна 3



















