Во ослободувањето од лошите навики често нè саботира нашиот мозок. Тоа е затоа што мозокот лесно ги паметиа навиките кои предизвикува моментално задоволство, без оглед на последиците.
Многупати се одлучуваме да ги прифатиме позитивните навики, но психолозите тврдат дека прво треба да се ослободиме од лошите. Така, наместо да се залагаме за навидум тешко остварливите цели, за почеток, важно е да се фокусираме на оние нешта кои лошо ги правиме. Откажување од лошите навики е првиот чекор кон успехот, а штом веднаш ќе се ослободиме од негативниот образец, позитивниот ќе го заземе неговото место.
Заборавете и на мултитаскинг кој се чини како пожелна способност, но само 2% од луѓето всушност ја поседува. Извршување на повеќе задачи обично завршува со лоши резултати во секоја задача. И ослободете се од споредба со другите. Тоа е игра во која никогаш нема да победите. Секогаш постојат луѓе кои се подобри од тебе, но нема да ги развиете своите таленти, ако постојано ги одмерувате.
Фокусирајте се на себе и на својата работа. Иако перфекционизмот можеби не звучи како лоша навика, тој е директно поврзан со анксиозноста. Ниту една работа, ситуација или одлука никогаш не можат да бидат сто отсто исправни, па стремење кон совршенство ќе го зголеми секојдневниот стрес. Не поставувајте премногу високи цели. Во ослободувањето од лошите навики често нè саботира нашиот мозок. Тоа е затоа што мозокот полесно ги памети навиките кои предизвикуваат моментално задоволство, без оглед на долгорочните последици.
По повеќекратното повторување на истата штетна селекција во организмот почнува да се произведува хемиско соединение допамин, кој носи чувство на задоволство. Во секое следно искушение можноста за промена на однесувањето се намалува.
Единствениот начин на одвикнување од лоши навики е свесно и постојано повторување на добрите.
Не прескокнувајте го појадокот.
Ова може да изгледа како помал проблем во секојдневната рутина, но недостаток на енергија на почетокот на денот резултира со полоши резултати во остатокот од денот.
Престанете да се жалите.
Постојано истакнување на негативните страни се претвора во негативна “мантра”. Еднаш, кога ќе се вовлечете во кругот на негативноста, тешко се излегува од него.
Не се фалете со идните планови.
Штом ќе ги споделиме своите планови со другите кај нас се појавува чувството дека веќе нешто постигнавме. Многумина се задоволуваат со тој првичен “успех” на планирање, и, на крајот се откажуваат од идејата. Погрижете се навистина да постигнете нешто пред да почнете да го споделувате својот успех со другите.
Доста со изговори.
Изговорите нè уверуваат дека работите сами по себе се тешки, и дека на патот кон успехот секогаш ве спречува нешто друго (освен вие самите).
Пред ТВ се губат и до 6 часа.
Луѓето во просек трошат помеѓу два и шест часа дневно пред телевизија, а за тоа често не се ни свесни. Ова време би можеле да го искористите за некое хоби, нови знаења или било која друга занимација која може да ви помогне на вашиот пат кон успехот.



















