Како се одлучивме да посвоиме девојче кое со две години има седум килограми и неколку дијагнози

1868

“Девојките знаат дека ние не сме нивните биолошки родители, дека ги родиле други мајки”

“Јас не мислам дека сум херој”

На секои три месеци се јавуваат во домот, разговараат со детето неколку минути, со што ги осудуваат на детство во институциите. Не ми се допаѓа кога луѓето ми зборуваат дека ние сме направиле некоја голема работа, а особено кога не викаат херои. Често ми доаѓаат луѓе во солзи, ќе ме прегрнат и ќе речат: “Вие сте особено добри луѓе”. Се обидувам да ги разберам, но понекогаш многу ме лутат. Не сакам да мислам дека сум херој. Не би можела да живеам со фактот дека сум ги посвоила девојките само за да им помогнам. Тоа е како да сум направила нешто големо со кое би можела да ги уценувам.

На пример, девојките ќе направат нешто глупаво, јас ќе истрчам од кујната и ќе викнам: “Како не ви е срам, како можевте тоа да ми го направите? Мора да бидете добри и благодарни што сум ве посвоила”. Па тоа е ужасно. Ги посвоив затоа што сакав семејство, сакав да бидам родител. Благодарение на девојките јас станав подобра личност. Повеќе не ми е тешко да станам од кревет затоа што Дора повторно не знае каде ги оставила сликичките од сунѓерот Боб, по петти пат тој ден. Не сакам да мислам дека сум посебна или подобра од другите. Само што на малку покомплициран начин станав родител. Понекогаш ќе се загрижам дека сум себична затоа што ги земав кај себе.

Мислам дека девојките биле посреќни ако завршиле во неко побогато семејство. Ние сме релативно скромни, живееме во куќа која сме ја купиле на кредит. Слушнав дека Италијанците доаѓаат во Хрватска да посвојат деца со посебни потреби. Нивната држава за тоа им плаќа големи давачки и ги покрива сите трошоци за грижата и за образованието на овие деца. Од државата добивам надоместок за згрижување на дете од две илјади куни месечно (околу 300 евра), на кои имам право до осмиот роденден на Дора. Секоја година морам повторно да пишувам барање и да доставам документација со кои ќе ми го продолжат статусот посвојувач, а за сите други права морам сама да се распрашувам и поштено да се намачам за да ги остварам.

Рашељка Земуновиќ

телеграм.хр