Како се одлучивме да посвоиме девојче кое со две години има седум килограми и неколку дијагнози

1648

Ви ја раскажуваме приказната на Габриела Маловиќ Халапе која усвоила двегодишно девојче и покрај предупредувањата дека радикално ќе заостанува во развојот.

Се запознав со сопругот уште во средно училиште. Всушност, една пријателка ми зборуваше за многу симпатично момче кое живее во нејзината улица. Веднаш се заљубивме и по осум-годишна врска се венчавме. Тогаш работев во една голема продавница за мебел, а Домагој сѐ уште беше студент. Двајцата имавме по 26 години. Сѐ поинтензивно почнавме да размислуваме и да зборуваме за деца, но јас никао да забременам. Но не бев премногу возбудена. Знам дека повеќето жени во таква ситуација одеднаш стануваат депресивни. Почнуваат да паничат и да избегнуваат погледи на мајки со мали деца, но јас добро издржав.

Бргу се помирив со фактот дека со Домагој веројатно никогаш нема да имаме биолошки деца. Но, сепак отидовме на загрепската клиника Вук Врховец, сакавме да дознаеме во што е проблемот. По неколку тестови ни ја потврдија дијагнозата: ние сме неплодни. Ни предложија да помогнат околу оплодувањето, но го одбивме нивниот предлог. Едноставно не сакавме да се мачиме. Знаевме како изгледа тој процес: болен и многу неизвесен. Сакавме по секоја цена да го избегнеме. Неколку месеци подоцна, отидовме во Центарот за социјална работа во Загреб.

Влеговме во собата, која последен пат била реновирана пред речиси четириесет години. Атмосферата беше како на комеморација. Социјалниот работник седеше на еден стар, речиси скршен стол, а пред неа имаше еден куп хартија. Строго не погледна и ни покажа на двете столчиња. “Дојдовме да се распрашаме за посвојување,” почнав да пелтечам. Жената повторно не погледна со строг поглед: “Вие колку години имате?”. Веднаш почна да не убедува дека со 26 години сме премлади, недоволно зрели за таков чекор.

Габриела и Домагој прво ја посвоиле Франка, па Дора. Тие се меѓу ретките посвоители кои во писменото барање напишале дека во предвид доаѓаат и децата Роми и болни деца

Продолжува на страна 2