Мачен првиот разговор
Изговори една реченица која тогаш звучеше ужасно: “Стерилитетот официјално може да биде потврден само после три години брак.” Се чувствував ужасно, како да сум дошла да просам за нешто што не заслужувам. Подоцна се обидував да ја разберам, некако да го оправдам нејзиното однесување. Можеби била само добронамерна. Знаеше дека влегуваме во постапката, која тогаш во Хрватска беше многу комплицирана. Веројатно сакаше само да не подготви. А и селекцијата на родителите треба да биде строга. Од тогаш поминаа две години до нашиот прв чекор. Беше август 2008 година, кога конечно одлучивме да напишеме барање до нашиот локален Центар за социјална работа.
Потоа ги поминавме проверките и добивме позитивно мислење за подобност. Тестирањата изгледаа шаблонски. Ми се чини дека системот ова го има замислено како возачки испит со кој вработените можат да изберат посвоител или да дозволат посвојувач да биде секој кој е ментално стабилен да вози автомобил. Направивме неколку интервјуа со социјалните работници и психолози. Моравме да ги убедиме дека секогаш ќе му помогнеме на рането животно на патот, дека не сме самоубиствени и не веруваме во теориите на заговор. Се сеќавам дека имав голема трема кога одговорав на овие прашања, а Домагој неколкупати речиси експлодира од смеа.

Бев изненадена што не се инересираа за нашата имотна состојба. Конечно добивме позитивно мислење. Следеше најтешкиот дел. Почнавме да пишуваме молби. Ги испративме до осумдесет центри за социјална работа низ цела Хрватска. Во секоја молба беше текст со иста содржина. На почетокот се преставивме. Потоа објаснивме дека сме млад брачен пар кој сака да започне семејство. Се пофаливме дека сме подготвени. Детската соба ја подготвивме додека ги поминувавме првите обуки. Дури земавме и куче, маче и папагал.
Продолжува на страна 3


















