Секое дете може да множи и дели напамет!

207

Со помош на сметалката Абакус и методите на НЛП и braingym, децата на Brainobrain програмата развиваат исклучителни математички способности, но и способност за слушање, концентрација, брзо и лесно учење, фотографска меморија, креативност, им се зајакнува самодовербата и без напор постигнуваат одлични резултати во училиштето.

Пресметката на комплексни математички проблеми напамет за повеќето возрасни лица е речиси невозможно, а помислата дека паралелно со тоа се пее и танцува или се изведуваат некои физички вежби делува, во најмала рака, ужасно тешко. Но децата кои ја поминале Brainobrain програмата тоа го прават без проблеми, како тоа да е сосема природно.

Клаудија Ehmer Vorgić, објасни дека Brainobrain програмата е наменета за деца од 4-14 години во насока на развој на интелектуалните и животните вештини, а се темели на методите на НЛП, односно на неуролингвистичкото програмирање и на работа со азијската сметалка абакус.

Математика без мака

Abakus многумина од нас ја имавме како деца, а во оваа програма таа “играчка” се користи како алатка за ментална гимнастика. Децата во прво време на неа собираат, одземаат, множат и делат за со тек на време сето тоа го прават напамет, со помош на замислен абакус.

Програмата има десет фази, секоја трае 3-4 месеци, а по првиот степен, вели Klaudia Ehmer Vorgić, децата имаат можност за собирање и одземање од 40 до 60 двоцифрени броеви во низа од главата, а подоцна без проблеми множат и делат броеви со децимали.

“Со исклучителните математички вештини, се развиваат способностите за слушање, концентрирација, брзо и лесно учење, фотографска меморија, креативност. Така се создаваат лидери, пред сѐ на својот живот, бидејќи со Brainobrain програмата кај децата се подигнува самодовербата до едно извонредно ниво и немаат страв од јавно говорење. Тие учат како да ги користат нивните потенцијали и капацитетот на мозокот, кои кај повеќето луѓе е занемарен. А сите овие вештини, откако еднаш ќе се усвојат остануваат за цел живот, исто како возење велосипед. Во согласност со сето ова, децата без напор постигнуваат исклучителни резултати во училиште и подоцна во животот”, вели Клаудија.

Самодоверба и позитивен поглед на светот

“Часовите” Brainobrain, на кои се доаѓа еднаш неделно, трае 120 минути и секогаш почнува со размислување за некоја инспиративна афирмација, како пораката на Ганди “Биди промената која сакате да ја видите во светот” или на пример, “Секој човек е единствен.” Важен дел од часот се т.н. braingym техники, како што се пишувањето на своето име истовремено со левата и десната рака со ефект на огледалото.

Иако 120 минути изгледа прилично долго, часовите се конципирани за на децата цело време да им биде интересно, дури и децата на четири годишна возраст можат да бидат концентрирани толку долго. Покрај тоа, важно е да се вежба 15 минути дневно, според материјали добиени на часот, па затоа е препорачливо родителите да работат со децата и да пристапат кон ова како квалитетно заедничко време.