Еволуцијата нѐ дизајнирала да бидеме совршено способни за преживување и не се грижела да нѝ инсталира алатки за среќа. Тоа ние денес треба да се обидеме сами да го направиме, бидејќи почнавме да откриваме како тоа сами да го направиме. Основната идеја на книгата на д-р Хансон е “впивање на доброто”, при што тоа го мисли буквално, не како метафора или некој интересен self-help (само-помош) слоган.
Практично, ова значи дека кон добрите работи треба да се однесуваме како кон растенијата, тие треба свесно да бидат засадени во мозокот и таму да се набљудуваат, развививаат и задржуваат сѐ додека не се вкоренат во невролошката структура на мозокот. Тоа значи да се потрошат 10, 20, 30 секунди на ден колку во просек траат позитивните искуства и добро да се прифатат, усвојат, запомнат, како кога помниме некоја книга или филм. Ако се потрудиме и бидеме доволно фокусирани да не ги заборавиме, туку следната секунда откако тие се случиле, овие искуства ќе се акумулираат во нашите нервните склопови и на крајот, како кога зрната песок создаваат дина, темелно ќе ги променат нашите реакции.
Ние дури и нема да забележиме кога се случило тоа, но ќе забележиме дека поради некои работи помалку се нервираме и дека нешто што претходните деновите нѐ исфрлало од шините сега воопшто не нѐ оптоварува. Класична поговорка на невролозите е дека невроните кои пукаат од заедно, ќе се заварат еден за друг. Така се создаваат цврсти модели на менталната активност кои ние ги чувствуваме како автоматски реакции на одредени ситуации. Невронските склопови настануваат преку многу различни механизми, а проблемот е во тоа што нашиот мозок е пристрасен – полесно и побрзо ги склопува невронските обрасци од негативните отколку од позитивните искуства.
Болката ќе нѐ научи веднаш и засекогаш како нешто да не правиме, но ќе нѝ бидат потребни месеци, можеби и години на свесно и напорно работење за да го отстраниме автоматски чувството на несигурност или лутина пред шефовите или непријатните луѓе, на пример. Позитивниот став се вежба и се случува постепено, за жал, не постои метод, кој би донел голем напредок за кратко време. Позитивното размислување за дефинирање е концептуално, целосно зависи од нашите мисли и затоа нема толку директно и големо влијание врз нашите eмоции во текот на денот. Многу луѓе мислат позитивни мисли, но во стомакот сепак чувствуваат незадоволство, бес, тага или осаменост, како позитивата да не може да им “седне”. За позитивното размислување да стане поефикасно од скапите еуфорични мисли, вели д-р Хансон, потребно е тоа првенствено да стане јасно.
Продолжува на страна 3


















