Како да се свртиме кон позитивните мисли | Репрограмирајте го вашиот мозок за да бидете среќни кога ви е тешко!

1646

“Важно е да се биде способен да се согледа целата слика, целиот мозаик од реалноста и позитивната и негативната и неутралната страна. За жал, нашиот мозок секогаш ќе сака да ја нагласи негативната, па така позитивната секогаш ќе треба да ја бараме свесно. За жал, денес под позитивното мислење често се мисли на предвидување или одрекување на негативното, а тоа не е тоа. Пресудно за позитивното мислење е јасно и кохерентно соочување со негативностите”, вели д-р Хансон.

Друга причина зошто она што денес го форсираме како позитивно мислење нема ефект е тоа што не ја знаеме разликата помеѓу активирањето и инсталирањето. Кога луѓето мислат позитивно или кога имаат многу позитивни искуства, не ги земаат оние екстра 10-30 секунди за буквално да го инсталираат позитивното во нивната нервна структура, само го прелетуваат со површни мисли. Д-р Хансон вели дека таквата површност го поништува ефектот на позитивното мислење.

Позитивните искуства ги користат нашите стандардни системи на меморија, одат од краторочна во долгорочна меморија. Но, за да се создаде искуството, доволно долго треба да се задржи во краткотрајната меморија, да “потоне” подлабоко и да се акумулира во долгорочната меморија. Колку често тоа го правиме? прашува д-р Хансон. Веднаш штом ќе помине едно убаво малку позитивно искуство. Кога сме направиле нешто, погледнавме низ прозорецот и ги видовме цвеќињата, сончаната улица, слаткото дете, кога чоколадото нѝ се топи на јазикот, не си даваме дури пет секунди, туку се фрламе и давиме на првата негативна мисла која чека на ред, бидејќи од тоа направивме цела култура. Мислиме дека на некој бизарен начин поморално е да сме загрижени со негативните мисли кои се тркалаат низ нашата глава , отколку да бидеме смирени и среќни со нормален живот.

Така што убавите моменти, наместо да ги заробиме и складираме во мозокот, буквално ги фрламе во заборав, ги фрламе во ѓубре, предупредува д-р Хансон.

Продолжува на страна 4