Звучи невозможно? Не постои друга алтернатива освен да се обидеме. Некои искуства, вели д-р Хансон, поприменливи се за оваа намена од другите. На пример, ако подобро обрнеме внимание на моментите кога се релаксираме, кога се смируваме или се чувствуваме заштитени, многу побрзо ќе го развиеме трајното чувство на моќ и способност, бидејќи овие искуства “удраат” директно до мозочните системи за безбедност. Полесно и побрзо ќе излегуваме од реактивната состојба и стресот.
Чувството на благодарност, радост, достигнувањата, “удира” директно на чувството на исполнетост, го заменува длабокото задоволство кое нѝ пречи на сите нас и толку е сеопфатно што веќе и не го забележуваме. Ако се обидеме подобро да ги впиваме тие искуства, со време ќе почнеме да чувствуваме дека помалку од тоа нѝ недостасува, ќе почувствуваме дека имаме доволно од сè и дека имаме на што да се потпреме за да го создадеме она што го сакаме. Полесно ќе се носиме со загубите и разочарувањата.
Меморијата и апсорпцијата на секој момент кога некој нѝ покажал љубезност и наклонетост, кога некој пријателски постапил кон нас, со време го развива чувството на поврзаност, се отстранува стравот од изолација и неизвесноста, па можеме полесно да го толерираме одбивањето или изоставувањето, објаснува д-р Хансон. Па така со едноставни секојдневни зафати со текот на времето ќе го зајакнеме чувството дека се исполнети нашите основни потреби, ќе направиме солидна основа на своето ментално здравје.
Иако на прв поглед не изгледа така, овој начин на живот може да предизвика драстични подобрувања во секојдневието, фантастично, смирено чувство на слобода и радост без еуфорија или ризик дека ќе станеме дефокусирани. Како што покажале голем број на тешки животни приказни, човекот може да развие неверојатна ментална сила и отпорност и да го сочува здравјето во неверојатно непријателските ситуации. Не се потребни кршеници и драми за да се развие отпорност. Д-р Хансон тврди, повикувајќи се на бројните истражувања за тоа, дека човекот во нормалниот живот може самиот да ја развие натпросечната отпорност на стрес и негативност, и покрај тоа што редовно тоа го вежба. Во тоа, вели тој, физичката активност, фитнес и спортот неверојатно помагаат, но клучна е упорната, долгорочната и доследната работа која секој мора да ја прави за контролата на своите доживувања и за “репрограмирање ” на мозокот од машината која се сеќава само на лоши работи во напредна машина за комплетно согледување на животот и генераторот на среќа.
Новиот слоган гласи вака: Животот е тежок, ајде да бидеме среќни
Автор: Сања Симиќ


















