Десет причини зошто е добро децата да имаат миленичиња

2173
  1. Против стрес

Покрај тоа што децата се посмирени со миленичиња, посебно кучињата имаат способност да го намалат стресот. Дружењето со куче може да има многу терапевтско дејство врз цело семејство.

  1. Читање

Децата се послободни да им читаат на миленичињта отколу на возрасните. Миленичињата не осудуваат, не поправуваат и не бараат текстот да се прочита повторно. Колку повеќе се чита на глас, тоа позитивно се одразува на вештина за читање.

  1. Учење за последиците

Ако детето не се грижи за миленичето на посебен начин, резултатите ќе бидат брзо видливи и детето ќе ги види последици од неговата негрижа. Ако кучето не се изнесе на шетање, тоа ќе ја изврши нуждата дома, ако мачката се игнорира, таа ќе се освети на друг начин, а ако рибичките не се хранат тие ќе угиант, ако кафезот од папагалот не се исчисти, тој ќе мириса.

  1. Посветеност

Растењето со миленичиња развива посветеност. Миленикот е обврска која бара посветеност секој ден и од тоа не може да се побегне.

  1. Дисциплина

Децата покрај животните учат и за дисциплина. Ако имаат куче, ќе го тренираат, ќе го учат како да се однесува и како да слуша, а тоа докажано ќе влијае и на послушноста на детето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.