Германски научник сугерира дека новиот модел, кој се фокусира на максималниот животен век, возраста на сексуална зрелост и максималниот годишен број на потомци, може да помогне да се процени бројот на популацијата и за други изумрени видови.
Во новата научна студија, објавена во списанието Palaeontology, направена е нова проценка за тоа колку страшни Tyrannosaurus rex диносауруси живееле на Земјата, пред астероидот да удри во неа и да ја запечати судбината на сите диносауруси. Според таа студија, дури 1,7 милијарди од овие ѕверови талкале по Земјата пред катаклизмичниот удар на астероидот.
За да се дојде до тој број на T-rex-и на Земјата бара обработка на огромен број бројки, од просечен животен век, до сексуална зрелост, до бројот на преживеаните јајца од T. rex. Сето тоа мора да се пресмета и земе предвид за да се дојде до наведената научна оценка.
Споредба со претходната проценка
Иако 1,7 милијарди е секако голема бројка, тоа е за 800 милиони диносауруси помалку од проценката постигната во студијата во 2021 година. Најновата анализа се заснова на најновите информации што ги има науката за растот и репродукцијата на диносаурусите и се чини дека е попрецизна.
За разлика од мојот модел, времето на генерирање, како и очекуваниот животен век, бруто-репродуктивните стапки и репродуктивните вредности на поединците пресметани од претходниот модел, силно се спротивставија на нашето сегашно разбирање за биологијата на T. rex и другите тероподи. Нивните вредности, не се согласуваат со оние на големите постоечки влекачи, птици и цицачи.
Сите овие недостатоци на претходниот модел ја фаворизираат проценката на индивидуалните и популационите карактеристики на T. rex и другите изумрени видови користејќи го мојот модел, истакнува Eva Griebeler, еволутивен еколог од Johannes Gutenberg University во Mainz, Germany.
Новиот модел е тестиран на 23 постоечки животински видови

Она што треба да се признае за претходната оценка е дека таа е прва од ваков вид и дека сè уште содржи многу вредни информации. Сепак, новото истражување на Griebeler користи ажурирани модели на стапки на преживување и зрелост на T. rex.
Во овој поглед, новите пресметки едноставно сугерираат помала стапка на преживување на T. rex, помалку вкупни генерации и намалено количество несење јајца. Науката сега има прилично пристојни податоци за овие фактори, врз основа на детални студии на фосили и споредби со современите видови, за кои научниците мислат дека задржале одредени особини на диносаурусите.
Griebeler го тестирала нејзиниот модел со податоци од 23 различни постоечки видови меѓу влекачи, птици и цицачи и открила дека тој доста добро го предвидува бројот на поединечни видови во споредба со претходниот модел. Ова сугерира дека би требало да работи и за Tyrannosaurus rex.
Признание од колегите
Дури и еден од авторите на претходната студија го одобрува новото дело. Последната бројка е пореална, призна палеонтологот Charles Marshall од University of Berkeley во California.
Каде се сите тие коски?

Покрај достигнувањето на големите бројки од 1,7 милијарди, новото истражување исто така сугерира дека најдовме мал процент од остатоците од T. rex. Зошто тој процент е толку мал и каде се сите други коски, е прашање за идни научни истражувања.
Griebeler сугерира дека нејзиниот модел, кој се фокусира на максималниот животен век, возраста на сексуална зрелост и максималниот годишен број на потомци, исто така може да помогне да се процени бројот на популацијата за други изумрени видови.
Сите овие недостатоци на претходниот модел ја фаворизираат проценката на индивидуалните и популационите карактеристики на T. rex и другите изумрени видови користејќи го мојот модел, вели Griebeler на крајот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















