Има многу позитивни работи зошто е добро децата да растат со домашни миленичиња.
Животните ги учат децата на вештини, но се и прекрасни пријатели.
Десет причини зошто децата треба да растат со домашни миленичиња
-
Одговорност
Децата со миленичињата многу рано во животот учат за одговорноста и грижата за другите. Децата кои се активни во грижа за миленичето обично учат да бидат емпатични и чувствителни. Низ учење како да се грижат за другите, ќе научат и да се грижат за себе.
-
Самодоверба
Заедно со одговрноста за миленичињта се гради и самодовербата. Ако се успешни во извршувањето на обврските околу миленичињата, децата подобро ќе се чувствуваат, ќе имаат чуство дека успеале и ќе бидат горди.
-
Помалку алергии и астма
Многубројни студии покажуваат дека децата кои растат со животни имаат помалку склоност кон развивање алергии и астма. Ако дете помладо од една година има можност да живее со милениче, ќе развие силен имунитет.
-
Активност и играње
Миленичињата, посебно кучињата, бараат шетање, истрчување и играње. Свежиот воздух и сонцето се добри за сите.
-
За смиреност
Миленичињата обично носат атмосфера на смиреност и спокој во куќата. Некои деца се многу поопуштени со миленичињата, отколку со луѓето.
Продолжува на страна 2