Речиси секој ден излегува научна книга која нѝ открива како можеме да ги “преклопиме” нервните склопови во мозокот за да бидеме посреќни.
Живиот човек на сѐ се навикнува, особено на доброто. Можеме да сонуваме за работата од соништата, за нашата свадба со прекрасна личност, за добиените еден милион долари и милионите следбеници на Твитер и повторно ќе најдеме нови нешта на кои ќе се пожалиме. Различните филозофии имаат различни објаснувања за тоа. Но повеќе внимание привлекуваат оние невролошките објаснувања или помладите невропсихолошки.
Речиси секој ден излегува една научна книга која нѝ открива како можеме да ги “преклопиме” нервните склопови во мозокот, со цел да бидеме посреќни.
Во тоа море од наслови овие денови се истакнува книгата на неуропсихологот д-р Рик Хенсон “Hardwiring Happiness: The New Brain Science of Contentment, Calm and Confidence” (Новата наука на задоволството, мирот и довербата). Тој пишува дека нашиот мозок природно е програмиран да се фокусира на негативното, па поради тоа сме во стрес и несреќни, дури и кога сме окружени со многу позитивни нешта во животот. Животот е најчесто тежок, понекогаш и ужасен. Но, може подобро да се поднесува отколку што тоа го правиме, тврди dr.Hanson и нуди речиси self-help совети базирани на најновите истражувања за структурата на мозокот. Тој не предлага да ги избегнуваме или потиснуваме негативните искуства, затоа што тоа би било невозможно и нездраво.
Наместо тоа, тој сугерира дека со упорното повторување го тренираме мозокот подобро да препознава и да го памети позитивното искуство, така што ќе се фокусираме на него и буквално ќе го инсталираме во мозокот. Тоа нема да доведе до некоја самонаметната заблуда, вели д-р Хансон, туку автоматизмот на негативноста постепено ќе го замениме со автоматизам на позитивизам, како кај луѓето на кои им завидуваме, бидејќи тие се секогаш некако среќни, мирни и весели.
Карактерот на човекот, откриле научниците, ниту е вроден ниту е врежан во камен. Со едноставна пракса и упорни мали чекори човекот може драстично да го промени начинот на кој реагира на секојдневните проблеми, може да се реши од стравовите, анксиозноста, комплексите, мрзливоста, зависта, љубомората и стресот. Проблемот е, тврди д-р Хансон, што во тоа не веруваме иако екстремните научни податоци покажуваат дека ова е вистина,а културата, воспитанието, старите заблуди за човечкиот мозок и човечката психа, нѐ спречуваат да се обидеме да го направиме она што нашите далечни предци го правеле како нормална работа, самите ги контролирале и лекувале своите мисли.
Продолжува на страна 2



















