18 вулкани кои можат да екплодираат во секоја секунда

324

А што е со оние кои се докажано најопасни според бројот на животите на луѓето на кои им се закануваат, а за кои понекогаш дури и малку се знае?

Според бројот на жртви и нивото на опасност, Campi Flegrei апсолутно е страшен, а Везув е петти на листата на најстрашните. Топ листата оди вака, од помалку страшниот кон пострашниот, при тоа првиот број го означува бројот на луѓето кои живеат во внатрешноста на 10 километри, а вториот во внатрешноста на 30 километри од вулканот:

8. Santa Maria, Gvatemala

1, 25 и 6,2 милиони луѓе. Последната голема ерупција била во 1902. година со вулкански експлозивен индекс (VEI) од 6 (7 е највисок).

7. Taal, Filipini

2,38 и 24,8 милиони луѓе. Во последните 200 години, вулканот имал четири VEI 4. Пред 5.500 години имал ерупција со VEI 7. Денес, во калдерата е езеро, што е особено опасно за експлозивноста.

6. Coatepeque Caldera, Salvador

1,2 и 6,5 милиони луѓе. И тука постои езеро, а околината е толку сеизмички активна и геолошки обликувана што состојбата е многу “сомнителна”.

5. Corbetti Caldera, Ethiopia

1,2 и 9,8 милиони луѓе. Една стара калдера е внатре во друга уште постара и уште поголема од првата. И двете во предисториските времиња биле место на катаклизмичните експлозивни ерупции. Многу близу се наоѓа главниот град на Етиопија Адис Абеба.

4. Tatun Group, Taiwan

6,7 и 9,8 милиони луѓе. Оваа област дури и жителите не ја доживуваат како вулкан. А тој тоа и е. И тоа таков што под него нешто тивко се готви, што е откриено во последниве години со развојот на сеизмолошките и геолошките технологии. Многу блиску е главниот град Taipei.

3. Ilopango, Salvador

2,9 и 6,7 милиони луѓе. Последен пат експлодирал 1880. година, а 450 година ерупцијата достигнала VEI 6. Денес во калдерата има езеро. Во непосредна близина е главниот град на Сан Салвадор, кој едноставно ќе исчезне ако се повтори она од 450. година.

2. Aira Caldera – Kyushu, Japan

0,9 и 2,6 милиони луѓе. Тука вулканот Sakurajima е клучен. Тој не е најголемиот, околу него нема ниту најмногу луѓе, но од него постојано нешто лета и чади. Во последните 10.000 години тука имало најмалку шест ерупции со VEI 4, 5 и 6. Животот тука навистина е опасен.

1. Michoacán–Guanajuato, Mexico

5,8 и 5,8 милиони луѓе. Целата популација тука се натискала во круг од само пет километри. А за каква област станува зборо зборува податок дека тука во последните 10.000 години имало – 1400 – ерупции со VEI 3 или 4.