10 лоши навики кои прават да изгледате постари отколку што сте

553

3. Недоволно спиење

Сите знаеме дека недостатокот на спиење води до отечени очи и темни подочници, но, исто така, може да има долгорочни ефекти врз нашата кожа. Сонот е време кога кожата се опоравува, па ако не ги држиме очите затворени доволно долго време, и нашата кожа ќе страда.

4. Носење широка облека

Многу жени веруваат дека ако носат широка облека ќе ја скријат својата несигурност и ќе направат да изгледаат повеќе привлечни, но тоа не е точно. Носењето преголема облека ќе направи да изгледате поголеми и постари отколку што навистина сте. Избегнувајте го ова така што ќе носите облека која ви е точна и е во согласност со вашата градба, без разлика која сте големина. Така ќе изгледате потенки, поздрави и помлади.

5. Не пиете доволно вода

Конзумирање вода има многубројни предности, вклучувајќи го и тоа да ве прави поенергични и ви помага во регулирање на телесната тежина, но, исто така, има и големо влијание на вашата кожа. Многу од нас користат лосиони за хидратација на кожата, но хидрирањето одвнатре е она што ќе направи да имате младешка, здрава кожа.

6. Внесување премногу шеќер

Повеќето од нас знаат дека прекумерната употреба на шеќер доведува до зголемување на телесната тежина, но, исто така, влијае и врз нашиот изглед – предизвикува воспаление и создавање акни, што прави нашата кожа да изгледа многу постара.

Продолжува на страна 3