10 лоши навики кои прават да изгледате постари отколку што сте

551

7. Конзумирање темни, засладени пијалоци

Газираните пијалоци и засладено кафе создаваат дамки на забите и ги прават пожолти поради високата содржина на шеќер. Таквите обоени заби можат да ве направат значително постари отколку што навистина сте.

8. Пушењето цигари

Скоро секој знае дека пушењето цигари има негативни последици за здравјето на белите дробови, но, исто така, значително влијае и на изгледот на кожата. Кожата станува поопуштена, насобрана, се создаваат кеси под очите, како и подбрадок.

9. Прекумерен пилинг

Пилингот е добро да се направи од време на време за да се отстранат мртвите клетки, но ако го правите премногу често, тоа може да биде многу штетно за вашата кожа. Ако за пилинг користите груби препарати или премногу силно ја триете кожата, вие ги изложувате новите клетки на штетни фактори на средината, па вашата кожа ќе изгледа кршлива и постара.

10. Заборавате секојдневно да нанесете крем за сончање

Апсолутно е неопходно луѓето секојдневно да користат крема за сончање, особено ако поминувате многу време на отворено. Ако не носите крема за сончање за време на целата година, го зголемувате ризикот од оштетување на кожата и рак на кожата. Не само што можете да добиете страшен меланом, туку вашата кожа ќе изгледа суво и грубо.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.