Интелектуална и духовна женственост (1)

1937

2. Емоционална компонента на женственоста

Тука сѐ е поврзано за односите, така што тука има многу работа:

  • Дали се разбираме самите себе си? Дали ги знаеме своите потреби и желби? Дали знаеме тоа да им го соопштиме на своите блиски?
  • Дали ги разбираме другите или сме целосно фокусирани на себе? Дали разбираме дека и другите имаат исто така, желби и аспирации?
  • Дали знаеме да ги видиме потребите на нашето блиско лице?
  • Дали треба да правиме разлика помеѓу желби и потреби? И дали им даваме на блиските она што им се потребно?
  • Дали знаеме да го примаме задоволството во врските? Дали знаеме да им подаруваме задоволство на другите во односите?
  • Дали треба да им служиме на блиските луѓе или мислиме дека тоа е под нашето достоинство? Дали бараме од другите услуга?
  • Дали знаеме да простиме  или паметиме навреди со години и децении? Дали своето срце го разјадуваме со такви спомени, или можеме да ги ослободиме и да се движиме понатаму?
  • Дали знаеме да побараме прошка, или сме премногу горди за тоа? Дали се сметаме себе си за исправни до последното, дури и ако тоа ни предизвикува болка и ги уништува нашите односи?
  • Дали вложуваме енергија во односите или само се обидуваме да добиеме нешто од врската за себе?
  • Дали знаеме да ги прифаќаме блиските со сите нивни квалитети и недостатоци?
  • Дали сме креативни и дали знаеме  креативно да ги решаваме проблемите и ситуациите?
  • Дали знаеме да поддржуваме, да ги инспирираме блиските, особено мажите? Или само притискаме, побаруваме и уценуваме?
  • Дали знаеме да ги простуваме грешките? На себе? На блиските? Опкружувањето?
  • Како да ги изградуваме односите со светот? Дали се обидуваме да ја заслужиме љубовта? Или веруваме дека сите за нешто нѝ се должни?
  • Дали ги осудуваме другите, дали се жалиме, или критикуваме? Дали шириме во светот негатив или ја зголемуваме количината на добрина и светлина?
  • Дали имаме силни и топли односи со своите родители? Или сме навредени, чувствуваме омраза и замеруваме? Дали сме им благодарни што нѝ го подариле животот, и за сѐ што нѝ дале?
  • Дали во своите деца гледаме личност или се обидуваме на нивна сметка, да ги остваруваме своите соништа?
  • Дали имаме добри односи со роднините, со предците, со енергијата на родот? Или сме навредени на сè и секого, и се обидуваме да го минимизираме контактот? Дали ги познаваме своите предци и дали знаеме да им бидеме благодарни?
  • Дали знаеме да се заблагодариме, да зборуваме убави и топли зборови? Дали знаеме да примаме подароци од другите, пофалби и благодарност? Бидејќи, добивањето не е помалку важно од давањето.
  • Дали знаеме да ги отвориме нашите срца на своите најблиски? Дали знаеме да им зборуваме за своите чувства, за да не ги повредиме чувствата на друго лице?
  • Дали знаеме да работиме со своите чувства? Дали знаеме да ги проживееме? Или ги блокираме? Или ги префрламе на првиот кој ќе налета? Дали знаеме да разбереме што чувствуваме?
  • Дали живееме со срцето или со главата? Дали знаеме да чувствуваме или само мислиме без запирање?
  • Дали знаеме да сакаме? Така да го чувствуваме оној кој го сакаме? Дали знаеме да ја примаме љубовта од оние кои нѝ ја даруваат?
  • Како се чувствуваат луѓето по разговорот со нас? Дали им го цицаме сиот сок? Дали другите ги потопуваме? Или ги инспирираме и им влеваме доверба?
  • Зошто развиваме женственост? Заради себе? Поради бојата и мирисот на некој? Или да осветлиме нечиј живот со својата љубов?

Автор: Ольга Валяева

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.