Знаци кои покажуваат дека детето е интроверт

1044

Психолози објаснуваат дека интровертноста е всушност наследна особина која огромното мнозинство деца ја наследуваат од своите родители.

На ист начин, родителите честопати не знаат дали нивното дете е само срамежливо или всушност интровертно.

Според порталот Your Tango, постојат неколку знаци кои јасно можат да укажат дека детето е интроверт.

Овие знаци го вклучуваат следново:

  • избегнува контакт со очите и интеракција со другите, особено со новите луѓе
  • има бес или е генерално вознемирен по напорен ден
  • повеќе сака да си игра сам отколку со други деца
  • често се повлекува и размислува
  • има само неколку добри пријатели со кои се дружи
  • не е склон да пробува нови работи или активности
  • има проблеми со изразување на сопствените емоции.

Секоја од овие карактеристики на однесување е показател дека детето може да биде интроверт.

Исто така, психолозите нагласуваат дека многу родители се загрижени дека нивното дете ќе има проблеми поради тоа, што воопшто не е точно. Напротив, бројни студии покажуваат дека интровертните деца се раѓаат креативци, уметници и мислители.