Еве зошто не можеме да се откажеме од нездравата храна

835

Дали сте се запрашале некогаш зошто понекогаш на нездравата храна е лесно да и кажеме не во еден момент, а потоа е потешко?

Авторите на студијата објавена во магазинот Psychological Science тврдат дека тоа би можело да биде така затоа што луѓето често се обидуваат да прават повеќе работи одеднаш.

„Доколку мораме да направиме повеќе работи одеднаш, често не сме во можност да ги игнорираме искушенијата и да ги донесуваме оние одлуки кои се најдобри за нашето здравје“, истакна советот на психолози од Универзитетот New South Wales Sydney.

„И онака е тешко да се игнорира големата вкусна кесичка чипс, но тоа станува уште потешко кога во тој момент од нас некој бара нешто да направиме. Луѓето располагаат со одредена количина на средства за самоконтрола која им помага во искушенијата да кажат – не. Кога ќе ги потрошиме тие ресурси, речиси е невозможно да им одолееме“, сметаат психолозите.

Иако ова се чини како лоша вест, резултатите од оваа студија се охрабрувачки,тврдат нејзините автори.

„Ова истражување докажува дека нашите извршни механизми се задолжени за нашата способност да ги игнорираме несаканите работи, но дека и се ограничени, па затоа е подобро да ги користиме мудро“, заклучија тие.

Во иднина истражувачите на овие сознанија можат да се искористат за да им помогнат на луѓето кои се борат со различни зависности, како оние со храната, алкохолот и цигарите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.