Промени на лецето укажуваат на промени во вашиот организам 

155

Промените кои се случуваат на вашето лице некогаш не се последица на лоша нега, туку симптом на она што се случува во вашето тело.

Одредени промени може да откријат дали имате недостаток од некој витамин или минерал или пак, дали во вашето тело се случува некој воспалителен процес.

Еве кои може да бидати тие:

Испукани усни

Пукањето на усните, кое е најизразено на аглите, може да се појави поради недостаток на витамини од групата Б. Овие витамини се важни бидејќи имаат антивоспалително дејство. За да се надоместат, потребен е внес на млечни производи, јајца и риба, како и грашок и спанаќ.

Жолтеникави дамки

Ако се појавуваат околу усните, очите и носот, може да предупредуваат на покачен холестерол. Обидете се неколку дена да исклучите масна храна од менито и следете дали ќе се повлечат. Ако не се повлекуваат, побарајте помош од лекар.

Акни

Акните околу устата, брадата и вратот се појавуваат поради хормоналните промени во деновите пред менструалниот циклус. Ако се постојано присутни, тогаш треба да посетите гинеколог, бидејќи најчесто алармираат на полицистични јајници.
Испукани капилари

Често може да бидат последица на претерување со цигари, алкохол или со лута храна. Решението е во нивното намалување или целосно исклучување од вашиот животен стил.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.