“Нормалната активност на овој дел од мозокот е тесно поврзан со делот од мозокот кој процесира аналитички мисли. Ако имавме, да речеме, караница со партнерот не само што се чувствуваме страшно, туку почнуваме да размислуваме зошто се чувствуваме страшно, што ни кажува тоа за нашиот однос и што може да ни се случи ако не постапиме исправно/исправено”, изјави Вилијамс.

Кај лицата со ментална болест, овие делови на мозокот стануваат хиперактивни – нивниот начин на размислување на некој начин ги храни нивните емоции, кои создаваат уште повеќе мисли додека процесот на крајот станува неподнослив.
Медитација го спречува овој ненормален циклус со намалување на абнормални врски помеѓу insualа и деловите од мозокот кои прават многу анализа, сето тоа многу убаво може да се види на снимките на мозокот.
“Медитација не ги спречува луѓето да чувствуваат или мислат, туку ги одвојува овие два дела на мозокот, давајќи им можност на пациентите за повеќе контрола.
Ние дополнително пронајдовме во клиничките испитувања како внимателно разгледување на когнитивните процеси и медитација спречуваат повторување на депресијата. И може да се користи во комбинација со лекови”, рече Вилијамс.
Џенет Џонс (48) имаше дијагноза на тешка депресија, која и е констатирана пред десет години. На оваа мајка на две деца е презентиран Вилијамс MBCT метод 2008.
“Во почетокот бев многу скептична. Но постепено медитацијата стана дел од мојот секојдневен живот”, рече Џонс.
“Пред да почнам со медитација, тешко ми беше да станам од кревет, одам на работа, се чувствував сосема мизерно. Еднаш откако почнав со користење MBCT метода, мојот пристап кон животот се измени и подобри. MBCT и медитација ми ја вратија контролата врз сопствениот живот. Сега ми е сосема јасно, колку и да е нешто болно во мојот живот, ќе помине”, додаде Џонс.
Продолжува на страна 6


















