Можноста да има вонземјани е 0,4 отсто | Видео

1297
Dr. Frank Drake

Научен труд потпишан од професорите Андерс Сендберг, Ерик Дрекслер и Тод Орд, научници од Институтот за иднина на човештвото при Универзитетот Оксфорд, предлагаат нов метод за предвидување на шансите за пронаоѓање други форми на живот во галаксијата Млечен Пат.

Се работи за своевидно решение на Фермиовиот парадокс, којшто произлегува од конфликтот на Дрејковата еднаквост според која не сме сами во нашата галаксија, од една страна, и фактот дека ние не гледаме никого освен нас самите.

Истражувачите истакнуваат дека во Дрејковата еднаквост има премногу променливи. Тие користеле разни познати параметри, поврзани со хемиски и генетски промени значајни за создавањето на животот, па така добиле сосем поинаков модел. Според него, можностите дека сме сами во галаксијата се 99,6 отсто, а дека сме сами во делот од Вселената што можеме да го видиме – 85 отсто.

Ова истражување оди во прилог на т.н. Теорија на големиот филтер, според која вселенските цивилизации попрво ќе се уништат меѓусебно пред да дојдат до тоа да ја испитаат Вселената.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.