Нил смета дека децата не се табула раза (празна табла која допрва треба да биде испишана), туку карактеристични личности родени со одредени знаења, вештини и способности. Така и настава се сведува на она основно: совладување на читање, пишување, и сметање. Наставната програма е зависна од моменталните интереси на учениците. Се изучуваа: математика, англиски јазик, историја, географија, странски јазици. Сепак, овие предмети се “нуделе” само ако децата сакале да ги изучуваат, бидејќи првенствено е почитување на принципите на слободата и личниот избор на детето. По желба, децата можеа да се бават со техника, различно научно експериментирање, со градинарство и бројни уметнички содржини. Посетувале кино, изведувале театарски претстави. Практикувале индивидуални часови како неформални разговори во близина на огништето.
Улогата на наставниците
Наставниците не претставувале авторитет како во денешна смисла. Тие со децата имаат еднаков, рамноправен статус, а понекогаш се добива впечаток дека децата доминираат. На пример, сосема е вообичаено детето да му каже на наставникот дека е комплетен незнајко или будала. Во Samerhil нема казни или ограничувања. Казна се смета само модификувана омраза на возрасниот, покажувајќи слабост во пресметка со лични, потиснати незадоволства, целосно неповрзани со детските постапки. Така разбрана казна значи создавање страв кај детето, чувство на зависност и блокада на креативениот потенцијал. Од друга страна, однесувањето на децата во Samerhil беше толку ослободено од вообичаените норми на однесување, и речиси и да не постјат причини заради кои би можело детето да биде казнето.
Наставниците на децата не им наметнуваат свои ставови или вредносен систем, па дури и не ги запознават со основните морални принципи. Најдобрите наставници се оние “кои се смеат со децата, додека најлоши се оние кои се смеат на сметка на децата кои ги поучуваат.”
Односот на родителите и децата, важноста на родителите за детски среќен живот
Продолжува на страна 4


















