Нил вели: “Не постојат проблематични деца, туку само проблематични родители и проблематично човештво!” Со ова уште еднаш сакаше да ја нагласи важноста и одговорноста на улогата на наставниците во среќниот раст и развој на личноста на детето. Нил верува дека тешко дете секогаш станува тешко, заради погрешниот третман во неговиот дом. Со тоа за процесот на образованието сугерира зборот третман – лечење од несреќата. “Единствениот третман кој треба да се применува кај децата е лекување од несреќа. Тешко дете е дете кое е несреќно. Тоа е во војна самото со себе, па оттука и во војна со светот.”
Како среќата може да биде подарена?
Александар Нил истакнува дека треба да му дозволите на детето да биде тоа што е. Не треба да му се проповеда, принудува да прави нешто, да се крева глас на него. Но, исто така, укажува дека слободата не значи целосно отсуство на правила. На детето не треба да му биде дозволено да ги наруши личните права на другите. Родителите мора да направат разлика помеѓу слободата и распуштеноста.
Значаен став на Нил е дека за здраво и среќно дете е важно родителите да се задоволни, среќни и исполнети. Љубовта како основа на среќен брак и среќно семејство е од клучно значење за развојот на детето. Брачниот живот без љубов значи несреќен дом, а несреќна атмосфера значи психичка “смрт” за детето. Детето апсорбира и восприема родителска анксиозност, и чест резултат на сето ова е хипохондријата.
На Александар Нил и на неговото училиште Samerhil беа упатени многу забелешки. Пред сѐ на негативениот став кој го има за надворешните фактори (од родителите до окружувањето-животната средина), при што на некој начин се создава изолирана средина од надворешните влијанија во кои детето расте. Оставањето на детето целосна слобода во одлучувањето дали ќе учи (ќе посетува настава) или ќе игра е уште една критика која не може да се избегне.
Резултатите покажуваат дека иако Samerhil ја поддржува идејата за слобода во служба на развојот на сиот креативен потенцијал на детето, сепак надвор од ова училиште не создало ниедно особено или генијално дете. Највисоките достигнувања на учениците се дека станаа пронаоѓачи, актери, уметници, неколку од нив научници, математичари.
Продолжува на страна 5


















