СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ! Милиони би можеле да умрат, но последната сламка на спасот ја нуди едно австралиско животно

2198

Светското здравје е загрозено, бактериите стануваат отпорни на антибиотици.

Употребата на антибиотиците во светот се зголемила за 65 проценти во периодот меѓу 2000. и 2015. година, особено во неразвиените и средно развиените земји, што се заканува на глобалното здравје, предупредуваат научниците.

Експертите веднаш на почетокот на извештајот истакнуваат дека “отпорноста на антибиотиците, како резултат на нивното неумерено земање, е сѐ поголема закана за светското здравје”.

Студија објавена во весникот Proceedings of the Nacional Academy of Sciences, која делумно се темели врз основа на предвидувањата, предупредува: “Употребата на антибиотиците во светот во 2015 година се проценува на 42,3 милијарди стандардно пропишаните дневни дози за возрасни лица”.

Во 76 земји во кои се спроведувало истражувањето, употребата на антибиотици се зголемил од 21,1 милијарди стандардно пропишани дози во 2000 година на 34,8 милијарди во 2015 година.

Во споредба со растот на бруто-домашниот производ, нивото на употреба на антибиотици, особено се зголемила во неразвиените и средно развиените земји – за 114 проценти за шеснаесет години, во износ од 24,5 милијарди стандардно пропишаните дневни дози.

Eili Klein, истражувач во Center for Disease Dynamics, Economisc & Policy и еден од авторите на студијата, вели дека ова зголемување значи “подобар пристап до потребните лекови во земјите со голем број на болести кои можат успешно да се третираат со антибиотици.”

Продолжува на страна 2