Печатени или електронски книги!

2560

Киндл ја победи хартијата

Од април годинава, амазон.цом во САД продава 105 е-книги на секои 100 печатени книги. Компанијата се пофали дека сегашната продажба на електронски изданија е 3 пати поголема од ланската, но не дава подетални статистики. Аналитичарите проценуваат дека две третини од купените електронски книги во САД, се купени преку amazon.com.

И додека просечната цена на печатените изданија изнесува околу 10 долари, најевтината верзија на Киндл се продава по цена од 114 долари. Зголемената популарност на е-книгите најверојатно се должи на фактот што Киндл апликацијата е достапна за голем број смартфони, таблети и компјутери.

Причината веројатно е големиот избор на електронски книги кои честопати не може да се пронајдат во печатена форма. Покрај тоа, луѓето читаат книги кои веројатно не би ги погледнале во книжарницата. Предлозите од електронските библиотеки честопати помагаат во изборот на нова книга за читање.

Експертите проценуваат, дека речиси една четвртина од Американците ќе имаат уред за читање е-книги до 2016 година, а за тоа придонесува и нивната релативно ниска цена, помалку од 100 евра за најновиот модел.

И …

„Интернетот е историски чекор меѓу културата на печатени и културата на дигитализирани книги“, пишуваше неодамна еден голем дневен весник во Германија. Нема сомнение дека издавачката бранша е пред пресврт, но мислењата во кој правец ќе се оди се различни. Некои факти се јасни: електронските книги сè повеќе ќе го заземаат пазарот. Сè друго е спекулација.

Драгица Христова

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk