Печатени или електронски книги!

2065

Недостатоци

Книгата не е само носител на порака, туку и предмет кој може сам по себе да има вредност.Сè уште постои навиката на држење печатен материјал в рака.Во средини со ниска информатичка култура, има отпор кон електронските книги како кон неприроден медиум. Поддржувачите на класичните книги, имаат неколку интересни теории за причините зошто печатените книги нема никогаш да изумрат.

На пример, иако кај електронските читачи постои опција за маркирање, сепак, не можете да го употребите својот омилен спектар на бои за да ги издвоите битните и помалку битните делови. Е-читачот не може да се пресува билка за хербариум. Нема романтична атмосфера ако се свиткате под ќебе со шолја топол чај и е-читач како кога со себе имате книга со тврди корици и шушкави листови. Не можете да се пофалите со оригинално издание со посвета. Батеријата на печатената книга нема да се испразни на најинтересниот дел од книгата и нема да морате панично да барате штекер за да ја вклучите.

Љубителите на печатените книги наведуваат дека печатените книги создаваат чувство на блискост, можат полесно да ве опуштат, не ги заморуваат очите во толкава мера како што е случај со е-читачите, го имаат оној убав препознатлив мирис на книгите и, едноставно, овој начин на читање им е поприроден наспроти оној со е-читачите. Можеби во некоја следна генерација читањето на електронски книги ќе биде природно, но ние допрва се запознаваме со нив.

Електронски читачи

Некои претпоставуваат дека печатените книги ќе завршат во музеите, а приматот ќе го преземат електронските книги. Денеска на пазарот се достапни разни читачи на е-книги (Либре еБоок, Киндле, ЕЕЕ Реадер, Цѕбоок, Ноок…).

Станува збор за мобилни електронски уреди дизајнирани, пред сè, за потребите на читање дигитални е-книги и списанија. Во принцип, секој уред кој може да прикаже текст на екранот, може да работи и како е-читач на книги, но специјализираните читачи се дизајнирани пред сè за читање на текстови, обезбедуваат подобра читливост, особено на силно сонце и имаат подолг период на траење на батеријата. Во зависност од големината на меморијата, еден читач може да содржи повеќе илјади книги.

Продолжува на страна 5