Печатени или електронски книги!

450

Иако електронските книги стануваат сé попопуларни, некои луѓе сé уште се „отпорни“ на нив.

Читањето на печатени книги ги потсетува луѓето на нивното детство, на периодот кога се родила нивната љубов кон читањето. Сепак, поголемиот дел од луѓето не се водат според ова „правило“. Некои експерти тврдат дека луѓето „бегаат“ од електронските книги бидејќи се плашат дека тоа ќе го промени начинот на кој ги читаат книгите.

Луѓето кои не сакаат електронски книги не мора да не ја сакаат технологијата или промената. Голем дел од искусните читатели потврдиле дека читањето електронски книги навистина го променило начинот на кој читале книги. Но, промените се неочекувани. Имено, овие читатели сега читаат повеќе книги од порано, и тоа годишно, и до 20 отсто повеќе книги.

Од Гутенберг до денес

Пред Јохан Гутенберг да го измисли печатењето во 1440 година, книгите можеле да бидат пишувани само на рака. Заради тоа, секој примерок можел да биде вистинско уметничко дело со преубави илустрации, интересни калиграфски елементи, вешто изработени корици. Со самото тоа секоја книга била единствена, исклучително скапоцена, односноскапа.

Познато е дека во тоа време, заради тоа што ги имало во мал број, книгите често биле читани на глас. Првата отпечатена книга била Библијата која претходно најчесто се читала на глас во кругот на семејството. Со почетокот на печатењето на сите кои знаат да читаат им било овозможено да уживаат во својот примерок сами, во тишина.

Со развојот на печатарството цената на книгите паднала, а насловите станувале лесно достапни за желните читатели. Тогаш се појавиле и првите загрижени поединци кои ја истакнувале појавата на печатените книги како штетна за општеството и воопшто за култот на читањето. Тие сметале дека ако секој има свој печатен примерок од книга, повеќе нема да има семејни собирања на кои на глас ќе се читаат книгите, а тоа би можело да ги поремети внатрешните врски во семејствата.

Имало и такви кои тврделе дека со престанувањето на читањето на глас, луѓето ќе си ја расипат дикцијата. Свештениците се исплашиле дека читајќи ја Библијата сами за себе, луѓето погрешно ќе го протолкуваат напишаното, што би довело до појава на еретици. Калиграфите се загрижиле дека ќе останат без работа, зашто се помал бил бројот на оние кои биле подготвени да платат висока цена и притоа да чекаат за да добијат рачно украсен примерок.

Продолжува на страна 2