Предности
Се скратува времето на излегување на делото во јавност, заобиколувајќи ги најкритичните фази во реализацијата на книгата – печатницата и дистрибуцијата. Изработката е далеку поевтина без физиќка дистрибуција, непожелни залихи, трошење на скапа хартија и друг материјал.Достапностаза потенцијалните корисници е неспоредливо поголема. Можноста на графичкиот израз е практично неограничена.
Електронските книги зафаќаат мал простор од меморијата на компјутерот за разлика од физичкиот простор во библиотеките и продавниците. Она што најчесто се споменува во прилог на електронските читачи е тоа дека тие се позгодни за патувања. Лесни се, компактни, можат да се сместат во чанта и да се користат по потреба. Исто така, во себе можат да содржат до 3.000 книги, па слободно можете да заборавите на тактичкото планирање што да понесете со себе на одмор, а тоа да биде убаво и забавно, но не премногу лесно и здодевно.
Благодарение на електронските читачи можете да изберете десетина наслови кои ќе пробате да ги читате, а дури и ако не ви се допадне ниеден, можете едноставно да отидете на сајтот на продавачите и да симнете некој сосема друг наслов. Ако мислите дека ова не е битна предност, пробајте на зимување, покрај стандардниот куп топла облека, да понесете со себе и некое пообемно книжевно дело.
Повеќето е-читачи ја поддржуваат опцијата непознатиот збор на кој ќе наидете во книгата да можете само со еден клик или допир да го побарате во приложениот речник со објаснување и изговор. Повеќе нема да морате да се прашувате дали главниот јунак со радост ја примил битната вест или зборот чие значење не го препознавте сигнализирал дека тоа што го дознал било неповолно за него. Верувале или не, најчестата причина која ја наведуваат сопствениците на е-читачи како предност е таа дека можете да читате во кревет лежејќи на страна.
Електронските книги претставуваат современ начин на читање, даваат поголема можност на избор, подостапни се… Читањето книги на Интернет овозможува истражување и откривање на нови наслови. Благодарение на е-книгите не постои обврска од купување на книга која не сакате да ја имате, со што се штедат пари, а со читањето на е-книги се ослободувате и од одговорноста за чување на позајмена книга. Учениците често читаат лектири на интернет, а повеќето од нив ги читаат прераскажаните содржини на лектирите, наместо целата книга.
Продолжува на страна 4


















