Печатени или електронски книги!

2572

Историјата се повторува

Наспроти ваквите остри негативни реакции, масовната продукција на книги и лесното доаѓање до сопствен примерок го овозможиле натамошниот развој на печатарството што помогнало за натамошен развој на науката, образованието, уметноста, а на Гутенберговиот изум му ја доделило титулата – најдобар изум на сите времиња.

Слична реакција во поново време предизвика и појавата на електронските читачи. Иако сега не се претерува со опасностите за семејството како што тоа се правело во времето на појавата на првите печатени книги, сепак, со појавата на електронските книги немаше библиотекар кој не затрепери пред идејата дека еден ден нивното работно место ќе стане непотребно.

Расправите одеа во различни насоки – кој формат е подобар, попрактичен, покорисен, подолготраен… Се изнаслушавме за ова неброено многу пати. Како што гледаме расправата помеѓу љубителите на електронските читачи на книги и оние за кои нема поубав мирис од оној на тукушто отпечатената книга, никако не престанува.

И едната и другата страна имаат свои аргументи кои постојано ги повторуваат и ги истакнуваат како пресудни. На различни форуми се изнесуваат сите предности и маани на овие два формати.

Предности и маани

Е-книга првпат се спомнува во 1971 година, кога Мишел Харт, студент на универзитетот во Илиноис, по пат на универзитетската компјутерска мрежа, почнува со дистрибуција на книги во дигитална форма.Тоа е почеток на проектот кој Харт подоцна ќе го нарече Проект Гутенберг, по револуционерот на технологијата за печатење Јохан Гутенберг.
Проектот се залага за креирање електронска верзија на книжевни дела во јавен домејн и нивно бесплатно дистрибуирање преку Интернет, а со тоа негова е заслугата за ширење и популаризација на е-книга. Електронска книга за комерцијална употреба првпат може да се најде во 1981 година, но сепак најголемиот развој на електронските книги се бележи дваесет години подоцна.

Продолжува на страна 3