ОВА МОЖЕ ДА ВИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ | Десет необични симптоми на срцев удар | Навреме препознајте ги знаците и спречете срцев удар!

1419

1. Анксиозност

Срцевиот удар може да предизвика интензивна вознемиреност или страв од смрт. Луѓето кои преживеале срцев удар велат дека се чувствувале чудно пред самиот срцев удар, како да очекувале страшна неволја.

2. Болка во градите

Болка или непријатност во градите е чест и класичен симптом на срцев удар. Болката обично се наоѓа во центарот на градната коска или малку лево и може да има форма на притисок. Пациентите се чувствуваат како „слон да им седнал на градите“, објаснува д -р Jean McSweeney, пионер во истражувањето на симптомите за срцеви заболувања кај жените. Сепак, не секоја болка во градите е знак за аларм – понекогаш може да дојде од сосема поинаква состојба.

3. Кашлица

Постојаното кашлање може да биде симптом на срцева слабост, резултат на натрупување на течности во белите дробови. Понекогаш е можна крвава кашлица.

Продолжува на страна 3