Не ви се допаѓа бојата на вашиот ГЛАС? Не сте единствени! Еве зошто е така

117

И опремата за снимање може да влијае

Иако нашиот глас е во повеќето случаи, таков како што го слушате на снимката, одредена опрема може да влијае на перцепцијата на гласот.

Ако не е доволно добар, односно не го претставува целосно на начинот на кој другите го слушаат, вашиот глас може да звучи полошо отколку што е.

Мозокот не се меша

Кога зборувате, особено ако го промените вашиот глас за да бидете интересни на другата страна, за што веќе пишувавме, а можете да се потсетите тука, вашиот мозок испраќа порака дека вашиот глас е повеќе мелодичен. Ова не е случај кога слушате снимка.

Нашиот глас и говор не се толку „течни“

Според “Speeli”, кога зборуваме, тапанчето ни се стега, што дополнително прави да имаме впечаток дека гласот ни е течен. Всушност, многу е погруб во реалноста.

Не одговара на нашата ментална слика

Луѓето веќе имаат ментална претстава за тоа како изгледаат и како звучат. Кога таа претстава не се совпаѓа со она што слушаат, тоа честопати доведува до разочарување.

Тогаш, всушност, полека почнува да се менува нивното мислење за целата слика.

Сега кога знаете зошто е тоа така – опуштете се. Сите не можеме да бидеме професионални пејачи, иако меѓу нив има и такви кои не го сакаат сопствениот глас.