Во повеќето водичи можете да најдете информации зошто дефинитивно треба да ја посетите Русија, како и за тоа што можете да направите додека уживате во шармот на најголемата земја во светот.
Сепак, за да остане вашиот престој во најдобриот можен редослед, исто така треба да знаете што не треба да правите додека сте меѓу Русите.
Ова се основните правила на руската етикета кога станува збор за она што не е пожелно да се направи.
Ракување со ракавици
Ракувањето со ракавици во Русија се смета за крајно грубо. Затоа, секогаш извадете ги ракавиците пред да се ракувате, без разлика колку е ладно надвор.
Последен подарок
Тоа е буквален превод на руска поговорка која вели дека никогаш не смеете да бидете последни што ќе добиете нешто, секогаш мора да возвраќате со нешто. Русите се дарежливи колку и да имаат. Имајте го тоа на ум.
Вицови за семејството
Додека шегите за политичари, пол, раса, религија и сексуална ориентација се целосно добредојдени во Русија, шегите за семејството се сметаат за навредливи. Затоа е најдобро да не спомнувате ничија сестра или брат, ако не сакате да ги почувствувате студените зими на Сибир.
Непочитување на старите лица
Ако земете јавен превоз и видите постара личност како стои додека седите, во знак на почит мора да станете и да се откажете од своето место.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.