КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2019

6256

БИВОЛ

Љубов: Оваа година нема да биде толку спокојна како што можеби очекувате. Не очекувате да остварите блиски односи со некого, ако искрено и отворено не ги покажете своите чувства. Ако не се ослободите, можни се комуникациони проблеми со другите.

Работа: Годината на земјената свиња за Биволите ќе биде полна со просперитет, а со вашата вродена истрајност и упорност резултатите нема да изостанат. Сепак, тоа важи само за оние кои вредно ќе работат на своите задачи и кои ќе ги игнорираат озборувањата и бескорисните приказни.

Здравје: Оваа година треба да се чувате и посебно да се грижите за здравјето. Некои припадници на знакот ќе имаат проблеми со зглобовите, рбетот, па навреме треба да се позанимаваат со тоа и да започнат рехабилитација.

ТИГАР

Љубов: Некои припадници на знакот ќе имаат многу искушенија во текот на 2019. година. Ќе уживате во љубовта со својот партнер, но никако не треба партнрот да го користите за лична добивка или на било кој друг начин да се обидете да го искористите.

Работа: Кога станува збор за работата со која се занимавате, ситуацијата ќе биде повеќе од успешна. Ќе имате неколку предизвици, докажувања на своите знаења и способности, па бидете подготвени да се покажете во најдобро светло. Финансиите ќе бидат стабилни и не треба да има некои неочекувани трошоци. Но, и покрај тоа, ќе трошите повеќе, бидејќи ќе сакате да се разгалите себеси и своите сакани со разни подароци.

Здравје: Оваа година е поволна за патувања кои ќе бидат поврзани со вашата рехабилитација и подобрување на здравјето. Така посетите на планината или бањско-рекреативните центри, сигурно ќе ви бидат пријатни, како и местата каде се нуди домашна и органска храна, свеж воздух и природна изворска вода.

Продолжува на страна 3