КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2019

6256

ЗМИЈА

Љубов: Оваа година ќе биде многу тешка и предизвикувачка кога станува збор за љубовта, поради честите несогласувања и конфликти со семејството на вашиот емотивен партнер. Ако не покажете толеранција и трпение, тоа би можело да доведе до крај на љубовната врска.

Работа: На сите начини ќе се обидувате да ја подобрите финансиската ситуација, но вие треба да знаете дека сте опкружени со лажни пријатели, кои на сите начини ќе се обидат да ги украдат вашите идеи и да ви сместат отказ. Штом ќе се оддалечите од таквите луѓе, и вашата работа како и финансиите ќе почнат да одат по нагорна патека.

Здравје: Треба да престанете сѐ да сфаќате лично и да земате на срце секоја критика, навреда или лош збор. Од тоа нема да имате никаква корист, а вие ќе имате проблеми со нервите и психата.

КОЊ

Љубов: За да го задржите саканиот човек покрај себе, треба да бидете поотворени и да покажете свои чувства. Ако не можете да го направите тоа, крајот на врската ќе се случи побрзо отколку што очекувате.

Работа: Ќе имате поддршка на надредените лица кога станува збор за работата со која се занимавате. Покажете го својот талент, а со вредна работа и залагање, можете да очекувате и поголеми финансии. Во текот на годината ќе имате многу интересни бизнис идеи, па потрудете се да ги спроведете во дело.

Здравје: Како и досега, според сопствената здравствена состојба ќе се однесувате со доза на негрижа и летаргија. Меѓутоа, она што треба да го направите, особено во првата половина на годината, е да извршите целосен преглед на срцето и крвните садови. Послушајте го овој совет и почнете да се грижите за себе. Бидете поодговорни.

Продолжува на страна 5